ПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА 27.9.2017
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска /04.09.2017 година, понеделник/ го посети СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ на првиот училиштен ден од учебната 2017/2018 година.
Градоначалникот Трајановски им пожела добредојде во училиштето, успех во учењето и во совладувањето на наставните содржини и многу убави спомени од средношколските клупи.
- Денеска почнува новата учебна година и јас сакам да Ви пожелам успешен почеток на Вашето средношколско образование, успешен почеток на оваа учебна година и да го постигнете она што сте го замислувале. Се надевам дека сте направиле правилен избор, ова е многу добра гимназија со високо реноме, така што од вас очекуваме да учите и да постигнете големи успеси. Но, треба да знаете дека успехот зависи само од вашиот ангажман во учењето и од правилниот распоред на времето во текот на денот. Затоа Ви велам дека треба да учите и поголем дел од денот да го посветите на учењето за да сите ние во иднина се гордееме со вас, а Вашето време допрва доаѓа - истакна Трајановски.
СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, годинава ги пречекува учениците со нови подови во училниците, реновиран покрив на објектот и уреден двор, односно во многу посолидни услови за работа.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
