ГРАД СКОПЈЕ ГИ ПОВИКУВА ГРАЃАНИТЕ ДА ВДОМУВААТ КУЧИЊА ОД „ВАРДАРИШТЕ“ 15.9.2018
Град Скопје и стационарот за бездомни животни „Вардариште“ ги информираат и воедно ги повикуваат граѓаните да го посетат стационарот и да вдомат куче.
.jpg)
Кучињата што чекаат да бидат вдомени, по пристигнувањето во Стационарот се прегледани од ветеринарен доктор, при што е констатирано дека не се агресивни и немаат никакви заболувања. Тие поминале целосен медицински третман, во чиишто рамки се стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило.
.jpg)
Сакаме да ги информираме сите заинтересирани граѓани и потенцијални згрижувачи на кучиња, дека од вторник до сабота, во терминот од 09 до 13 часот, можат да го посетат стационарот „Вардариште“ и да си одберат куче за вдомување. Кучињата на вдомувачите им се отстапуваат без паричен надоместок.
.jpg)
Во моментов, во стационарот „Вардариште“ четириесет кучиња чекаат да бидат згрижени. Доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици.
Кучињата од фотографиите во моментот се наоѓаат во стационарот и Ве очекуваат да дојдете и да ги згрижите, односно да им дадете љубов и топол дом.
.jpg)
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
