УРБАН ВЕЛОСИПЕДСКИ ПОЛИГОН ЗА ДЕЦА ВО ПРВИОТ ДЕЛ НА ПАРК МАКЕДОНИЈА 22.4.2016
Град Скопје во соработка со Стопанска банка ја почна изградбата на урбаниот велосипетски полигон за деца во првиот дел на Парк Македонија.
Идејниот проект за урбаниот велосипетски полигон за деца е од едукативен карактер, односно децата да ги научат сообраќајните знаци и сообраќајните правила.
Велосипетскиот полигон за деца е со површина од 660 кавадратни метри, со должина на патека од 270 метри и урбана опрема: бампери, рампа, паркиралиште за велосипеди, нишалки, лизгалки, дрвена куќарка, површини исополнети со песок, клупи за седење, пикник маси и корпи за отпадоци.
Велосипетската патека за деца, којашто ќе биде со должина од 270 метри ќе биде широка 120 сантиметри, којашто од двете страни ќе има тротоар од по 50 сантиметри за нивните учители, помагатели.
Подлогите за возење на патеката ќе бидат од три различни типови, односно најдолгиот потег е од лиена гума, на бетонска подлога во широчина 120 сантиметри , со калдрма од двете страни по 50 сантиметри, коишто симболизираат тротоари, вториот потег е калдрма, а третиот потег е од дрво, односно дрвено мовче.
Со ваквата комбинација на матријали за подлога ќе се подготват идните велосипедисти за возење на различен терен.
Во тревните површини околу паркингот за велосипеди и зоната со нишалки ќе се постават 12 клупи за седење, 4 сетови од пикник маси и клупи за седење и корпи за отпадоци.
Во изградбата на овој едукативен полигон ќе се користат еколошки материјали.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
