ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЈАВНАТА ДЕБАТА ЗА ИЗГРАДБАТА НА ГАСОВОДОТ НА ВОДНО 05.9.2018
Денеска, во 13 часот, во салата на Советот на Град Скопје ќе се одржи јавна дебата во врска со изградбата на гасоводот на Водно. Дебатата има за цел да помогне во расветлувањето на многубројните дилеми и прашања за овој проект што се појавија во јавноста и кои предизвикаа загриженост кај граѓаните и кај здруженијата за заштита на средината.
На оваа јавна расправа се поканети сите институции кои се на кој било начин поврзани со изведбата на трасата на гасоводот: Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за просторно планирање, Државните инспекторати за градежништво и урбанизам и за животна средина, јавните претпријатија „Македонски шуми“ и „Паркови и зеленило“, Шумарскиот факултет, Општина Сопиште, Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Денешната дебата е отворена за јавноста и ќе се пренесува во живо, за да може да ја проследат сите заинтересирани граѓани. Намерата на Град Скопје е на транспарентен начин да се слушнат аргументите на сите засегнати страни, на претставниците на институциите вклучени во изградбата на гасоводот, како и на претставниците на иницијативата „Го сакам Водно“.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
