БОБАН ПАВЛОВСКИ ГО ФАТИ КРСТОТ ВО СКОПЈЕ 07.2.2017
![]() |
![]() |
|
![]() |
![]() |
|
Бобан Павловски од Охрид го фати светиот крст во водите на реката Вардар во Скопје, кој традиционално се спушта по повод православниот празник Богојавление-Водици.
Пред неколку илјади присутни, Бобан беше најсреќен од повеќе од 100 лица кои беа во трка по светиот крст.
Церемонијата започна со Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ предводена од поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, и со спуштањето на светиот крст од мостот „Слобода“ во водите на реката Вардар.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски на Бобан Павловски му додели златник и опков на Евангелието.
Организатор на манифестацијата е Скопската епархија на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, a кум на овогодешната манифестација е Димитриј Јовановиќ, угостител и сопственик на ресторанот „Стара куќа“.
Градот Скопје годинава активно се вклучи во организацијата на оваа манифестација, каде ангажирани беа и поголем број на јавни претпријатија на Градот Скопје и Противпожарната бригада на Град Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
