ДАНИЕЛ ДОНЧЕВСКИ ПО ПЕТТИ ПАТ ГО ИЗВАДИ СВЕТИОТ КРСТ ОД ВОДИТЕ НА РЕКАТА ВАРДАР 09.2.2018
![]() |
![]() |
По повод празнувањето, на еден од најголемите христијански празници Водици (Богојавление), Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска присуствуваше на традиционалниот црковен чин – положување на светиот Крст во водите на реката Вардар, кое се одржа на мостот Слобода.
Церемонијата започна со Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ предводена од поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.
Главниот настан се одржа точно на пладне, на мостот Слобода, кога Архиепископот Охридски и Македонски Г. Г. Стефан, ги освети водите на реката Вардар и во нив го положи светиот Крст.
Меѓу многуте капачи кои скокнаа по светиот Крст, во осветените води на реката Вардар, најбрз и најсреќен беше Даниел Дончевски, кој светиот крст од Вардар го вади по петти пат.
Даниел на сите православни христијани им посака здравје и среќа.
Претседателката Јанчева на Дончевски му подари ракотворба во двојна рамка - златни обетки, со гранат, гулабици (Требениште, Р. Македонија II век.п.н.е.), пронајдени во кнежевските некрополи во Требенишко поле во II век.п.н.е., жив потсетник за стилот и софистицираноста на минатите култури.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
.jpg)
