„ВОДОВОД“ СО ЗГОЛЕМЕНИ ПРИХОДИ И НАМАЛЕНИ РАСХОДИ СПОРЕДЕНО СО МИНАТАТА ГОДИНА 19.9.2018
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ во првите шест месеци од 2018 година имале 8.547 интервенции на водоводната мрежа во градот, односно ја реконструирале водоводната мрежа или изградиле нова мрежа на 33 делници во градот, санирале дефекти на водоводните линии, менувале водомери и други зафати.
Во делот на одржувањето на канализациската мрежа, пак, во истиот период екипите на ЈП „Водовод и канализација“ извршиле 147.594 интервенции, односно ги чистеле канализациските линии и ги одзатнувале, чистеле сливници, поправале шахти и друго.
За извршување на овие активности претпријатието вклучило разновидна механизација – вакуум цистерни, цистерни под притисок, специјализирани возила и друго.
Во делот на финансиите, односно расходите и трошоците, „Водовод и канализација“ споредбено со истиот период лани, во првите шест месеци од 2018 година ги намали трошоците за 70.000.000 денари, меѓу кои:
- Трошоци за хлор и натриум – намалени 3 пати
- Трошоци за рекламирање – намалени се 5 пати
- Трошоците за осигурување – 43% намалени
- Банкарските провизии – 52% намалени во однос на истиот период лани
- Обврските спрема добавувачите се намалени од 362.689.030 на 150.440.287 денари (за 2,5 пати)
- Зголемена наплата на тужен долг за 6 пати.
Финансискиот резултат на претпријатието е 65 милиони денари подобар од ланскиот за истиот период.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
