ВОЗЕН РЕД ЗА НОВОВОСПОСТАВЕНИТЕ ПРОБНИ ЛИНИИ ДО СРЕДНО ВОДНО 01.12.2017
Од утре (25 ноември 2017 година), Градот Скопје воведува забрана за движење возила на патот до Средно Водно, која ќе важи секој викенд и за време на државните празници.
Според планот, оваа забрана ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.
За да им излезе во пресрет на граѓаните што сакаат да се рекреираат на Водно Градот Скопје воведе 2 (две) нови пробни автобуски линии што ќе сообраќаат по принципот на шатл-линии, односно, автобусите ќе се полнат со патници на почетната станица и ќе возат без застанување до Средно Водно.
Пробната линија бр. 25A ќе се движи на релација Автомакедонија (Стара железничка станица) - Средно Водно, по следната траса: бул. „Св. Кирил и Методиј“; бул. „Мајка Тереза“ и обратно. Пробната линија бр. 25A, за време на викендите и државните празници ќе функционира по следниов возен ред:
| Автомакедонија (Стара железничка станица) | Средно Водно |
| 09:00 | 09:40 |
| 09:40 | 10:20 |
| 10:20 | 11:00 |
| 11:00 | 11:40 |
| 11:40 | 12:20 |
| 12:20 | 13:00 |
| 13:00 | 13:40 |
| 13:40 | 14:20 |
| 14:20 | 15:00 |
Пробната линија бр. 25 Б ќе се движи на релација Дом на печат - Средно Водно, по следната траса: бул. „Св. Кирил и Методиј“; бул. „Мајка Тереза“ и обратно. Пробната линија бр. 25Б, за време на викендите и државните празници ќе функционира по следниов возен ред:
| Дом на печат | Средно Водно |
| 09:20 | 10:00 |
| 10:00 | 10:40 |
| 10:40 | 11:20 |
| 11:20 | 12:00 |
| 12:00 | 12:40 |
| 12:40 | 13:20 |
| 13:20 | 14:00 |
| 14:00 | 14:40 |
| 14:40 | 15:20 |
Во пресрет на граѓаните, Градот Скопје обезбеди и бесплатно паркирање во катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат).
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
