СЕ ПРОДОЛЖУВА ВРЕМЕНИОТ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА УЛИЦАТА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ 23.8.2017

Градот Скопје ги информира граѓаните дека поради изведување градежни работи за асфалтирање на коловозот, се продолжува времениот сообраќаен режим на улицата Тодор Александров, како и на околните улички од десната страна од улицата Тодор Александров.

На 21 и на 22 август 2017 година (понеделник и вторник) во периодот од 8 до 17 часот ќе се асфалтира десната страна на улицата Тодор Александров, а етапно ќе бидат затворени за сообраќај попречните улици Периша Савелиќ, Партение Зографски, Тасино Чешмиче и Славејко Арсов.

Во текот на градежните работи, на терен ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци, да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот и доколку се во можност, во своето движење да ја користат околната патна мрежа.