ВТОР НАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР МИКРОСОФТ ОФИС СПЕЦИЈАЛИСТ (MICROSOFT OFFICE SPECIALIST) 15.6.2017

 

 

 

Град Скопје и оваа година е партнер во организирањето и спроведувањето на Националниот натпревар Микрософт офис специјалист (Microsoft Office Specialist).

 

По повод одржувањето на ова натпреварување денеска /31.05.2017 година, среда/ се одржа завршен настан на кој се обрати и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

 

- Град Скопје го поддржува натпреварувачкиот дух на младите, посветеното учење и натпреварувањата надвор од рамките на секојдневните училишни обврски. Лично, сметам дека инвестирајќи во подобрување на дигиталната писменост, особено преку формалниот образовен процес, ќе придонесе за подобрување на можностите за вработување на младите образовани кадри и подобрување на продуктивноста на работното место – кажа градоначалникот Трајановски.

 

На овогодишниот национален натпревар учество земаа 45 натпреварувачи од средните училишта и факултетите, а победник е Драгана Јакимова од ФИНКИ, додека второпласирана беше ученичката од средното училиште на Град Скопје “Раде Јовчевски Корчагин“, Анастасија Василевска.

 

Победникот на ова натреварување ќе ја преставува Македонија на интернационалниот натпревар во Лос Анџелес, Соединетите Американски Држави.

 

Во рамки на двегодишното партнерство со Certiadria во организирање на овој натпревар, Град Скопје поддржа вкупно 750 ученици од средните училишта, кои преку квалификациски тестирања се издвоија како најдобри, овозможувајќи им бесплатно полагање на официјален микрософт офис (Microsoft Office) испит.

 

На овој начин учениците добија можност да се стекнат со меѓународно признат сертификат кој ќе им биде од особено значење во нивното понатамошно школување и кариера.

 

Покрај Град Скопје партнери во поддршката на оваа манифестација се CertiAdria, Стопанска Банка – АД,  Microsoft Македонија, LycaMobile,  Макпетрол и други.