ЗАБРАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА СТОКА ОД 7:30 ДО 18 ЧАСОТ 27.12.2017
Советот на град Скопје на вчерашната седница ја усови одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на потесното градско подрачје. Согласно оваа одлука, се забранува доставувањето на стока во периодот од 7:30 наутро до 18 часот од 1 декември до 31 март односно истата ќе се врши во периодот од 18 до 7:30 часот, со запирање и паркирање не подолго од 15 минути.
Оваа одлука е со цел намалување на загадувањето на подрачјето на Град Скопје, што е предвидено и со „Препораките на Интервентната акциска група за итните мерки против загадувањето на воздухот“ од 15.12.2017 од страна на Владата на Република Македонија.
Намалувањето на движењето на возилата кои вршат доставување на стока ќе придонесе и за намалување на загаденоста на воздухот.
Град Скопје ги информира сите засегнати страни дека Секторот за сообраќај ќе изврши усогласување на издадените одобренија – повлекување и издавање на нови одобренија во согласност со одредбите од одлуката.
Оваа одлука влегува во сила од денот на објавувањето во „Службен гласник на Град Скопје“.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
