ИЗВЕШТАЈ НА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА СОСТОЈБАТА ВО СТАЦИОНАРОТ ВАРДАРИШТЕ 25.2.2018
Градот Скопје во текот на изминатиов месец интензивно работи на изнаоѓање системско решение за превенција и спречување на инциденти што се поврзани со напади на граѓаните од кучиња, без разлика дали станува збор кучиња скитници или за кучиња кои имаат сопственици.
За таа цел градоначалникот Шилегов донесе Решение и беше формирана работна група, составена од 5 члена, односно од еден советник во Советот на Град Скопје, вработен во Секторот за комунални работи на Град Скопје и по еден претставник од здружението за заштита на животни Анима мунди, граѓанската иницијатива Кане Корзо и од Асоцијацијата на активности за правата на животните.
Согласно задолженијата наведени во Решението за формирање на работна група за следење на состојбата во работата на стационарот за хуман третман на уличните кучиња – Вардариште, работната група подготви препораки кои се наведени во Извештај на работната група за следење на состојбата во работата на стационарот за хуман третман на уличните кучиња – Вардариште. Во рамките на извештајот се содржани и препораките за работата на стaционарот Вардариште, изготвени на 07.12.2017 од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, а на барање на Здружението за заштита на животни Анима Мунди од Скопје.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
