СЕ ПОСТАВУВААТ ЗАШТИТНИ СТОЛПЧИЊА НА БУЛЕВАРОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ 09.2.2018
Продолжува големата акција за поставување заштитни столпчиња по должината на повеќе улици и булевари во централното градско подрачје.
Оваа координирана акција се спроведува по налог на Град Скопје и истата е во насока на зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и овозможување непречено движење на пешаците.
Деновиве екипите на ЈП „Улици и патишта“ извршуваат градежни активности за поставување заштитни столпчиња на тротоарите на булеварот „Свети Климент Охридски“, на потегот од крстосницата со улица „Свети Кирил и Методиј“ до крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“.
Досега се завршени градежните работи од едната страна на булеварот (пред Европскиот факултет), каде што се поставени 126 заштитни столпчиња, а во моментов се извршуваат градежни работи од другата страна на булеварот, каде што треба да се постават дваесеттина столпчиња.
Изминатиов период, во рамките на оваа голема акција столпчиња беа поставени и по должината на улицата „Димитрија Чуповски“, пред Министерството за правда, како и по должината на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, пред објектот на поранешна „Нова Македонија“. Во оваа акција изминативе два месеца досега се поставени околу 300 заштитни столпчиња.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
