
КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ЈАВНО И ПОЛИТИЧКО УЧЕСТВО НА ЖЕНИТЕ РОМКИ“ 06.12.2017
Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, и советничката во Советот на Град Скопје, Александра Јованоска, денеска /21.11.2017 година, вторник/, присуствуваа на финалната Конференција на проектот „Јавно и политичко учество на жените Ромки“.
Проектот, финансиски е поддржан од Европската унија, преку „Европскиот инструмент за демократија и човекови права“, (ЕИДХР), а кофинансиран од „Иницијатива за социјална промена“ (INSOC).
Конференцијата, ја отвори Проектниот координатор и претседател на невладината организација ДАЈА од Куманово, Дилбера Камберовска, а присутните учесници и гости ги поздрави Проектниот менаџер и претседател на невладината организација КХАМ од Делчево, Зекир Абдулов.
- Главната цел на проектот е надминување на предрасудите, системската дискриминација и подобрување на статусот на жената Ромка во Македонија, преку нејзиното активно вклучување во јавниот и во политичкиот живот, нагласи Абдулов.
На конференцијата, беа претставени проектните активности и постигнатите резултатите, што ја потврдуваат ефикасноста на спроведените активности во насока на исполнувањето на граѓанските и на политичките права на жените Ромки.
Финалната конференција на проектот „Јавно и политички учество на жените Ромки, се одржа во хотел Континентал и на неа присуствуваат претставници од дипломатскиот кор во земјава и од повеќе владини институции.
- ВЕСТИ
- 26.07.2025 - Викендов авионска дезинсекција против комарци
- 27.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 04.06.2025 - Соопштение за јавност
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност