ЖЕНСКА ТРКА ВО СКОПЈЕ ЗА ПОАКТИВЕН СПОРТСКИ ЖИВОТ 30.4.2018
Шестото издание на „Авицена женска трка“, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје и со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија за прв пат како улична трка обедини над 1.700 жени. Бројката на пријавени учеснички оваа година беше рекордно висок одзив на учество на оваа трка која е дел од промотивните трки на Виз Ер Скопскиот маратон.
Градоначалникот Шилегов ги додели наградите на трите најдобро пласирани според Gun Time - Милјана Ристиќ, Марго Бојаџиева и Рената Соколовска.
Пред стартот на трката на 2 километра, учесничките половина час се загреваа со аеробик вежби.
Награди беа доделени и на најдобрите три во 7 одделни категории според возрасните категории во кои што беа поделени учесничките. Нивните резултати може да се видат на: http://www.tagtiming.mk и http://zenskatrka.mk/. Воедно, поради тоа што трката се одржа на Денот на шегата голем број на учеснички беа инспирирани, патеката од 2 километри да ја минат носејќи маски.
Авицена женската трка е инспирација за многу од нејзините учеснички да почнат активно да се занимаваат со вежбање, тренирање и за промовирање на здравите животни навики.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
