ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОДГОТВЕНА ЗА ПРЕТСТОЈНАТА СЕЗОНА 15.12.2017
Град Скопје е подготвен за одржување на магистралните и собирните улици на подрачјето на Скопје во зимски услови.
Утрово беа регистрирани првите врнежи на снег оваа сезона по што екипите на зимската служба на Град Скопје веднаш излегоа на терен и превентивно интервенираа на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Градот.
На терен екипите на зимската служба интервенираа превентивно на повеќе сообраќајници и критични точки, каде фрлија околу 30 тони сол.
Зимската служба на Град Скопје во моментов има залиха од сол во депоата на јавното претпријатие „Улици и патишта" од околу 1.300 тони и во тек е тендерската постапка за набавка на уште 3.000 тони сол.
Покрај солта и ладниот асфалт, зимската служба ќе ја користи и механизацијата на јавното претпријатие „Улици и патишта“ составена од 16 разновидни возила и машини, а на располагање е и механизацијата на останатите јавни градски претпријатија. Дополнително, обезбедена е и техничка поддршка од компанија која на зимската служба во текот на сезоната и става на располагање 15 специјални возила - камиони.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
