Сектор за комунални работи
Секторот за комунални работи врши работи од областа на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води, управувањето со отпадот, одржувањето и користењето на парковите, парк-шумите, спортско-рекреативните зони и другите заштитени подрачја, одржувањето на зеленилото на јавните и сообраќајни површини, снабдување со природен гас и топлинска енергија, категоризација и именување на градски населби, улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, одржување на гробишта, дезинсекција, ерадикација на животните скитници, изградба, користење и одржување на пазари на големо и пазари за продажба на моторни возила на подрачјето на градот Скопје и други комунални работи утврдени со оваа одлука, ја координира својата работа со другите сектори во рамки на администрацијата на Град Скопје и врши други работи што ќе му бидат доверени.
- Одделение за комунални работи од областа на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води:
- ги следи и ги анализира состојбите во областа на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води и предлага мерки за нивно унапредување;
- подготвува предлог среднорочна и долгорочна стратегија за развој на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води во градот Скопје;
- ги следи, изготвува и реализира прописите поврзани со:
- снабдување со вода за пиење од единствениот водоснабдителен систем на градот Скопје;
- одведување и пречистување на отпадни води;
- одведување и испуштање на атмосферски води;
- обработка и испорака на технолошка вода.
- ја следи работата на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, основано од Градот Скопје и предлага мерки за решавање на проблемите и унапредување на неговата работа;
- во соработка со надлежните сектори и одделенија од администарцијата на Град Скопје, стручно ги обработува и дава мислење за годишните извештаи и планови за работа, финансискиот план и годишната сметка и други информации доставени од ЈП „Водовод и канализација“.
- Одделение за комунални работи од областа на комуналната хигиена и за други комунални работи:
- ги следи и ги анализира состојбите во областа на комуналната хигиена и предлага мерки за нивно унапредување;
- го подготвува предлог планот за управување со отпадот на градот Скопје, предлог годишни програми за управување со отпадот и годишните извештаи за спроведување на програмата за управување со отпадот;
- предлага проекти и дава предлози за инвестициони зафати за подобрување на општата состојба со управувањето со отпадот;
- ги следи, изготвува и реализира прописите поврзани со:
- собирање и транспортирање на комуналниот и друг вид неопасен отпад;
- одржување на депониите за комунален и друг вид неопасен отпад;
- одржување на јавната чистота и грижа за напуштениот отпад;
- одржување на јавната чистота на јавните сообраќајни површини.
- ја следи работата на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, основано од Градот Скопје и предлага мерки за решавање на проблемите и унапредување на неговата работа;
- во соработка со надлежните сектори и одделенија од администарцијата на Град Скопје, стручно ги обработува и дава мислење за годишните извештаи и планови за работа, финансиските планови и годишните сметки и други информации доставени од ЈП „Комунална хигиена“;
- одржување на гробиштата „Бутел“ и давање погребални услуги на градските гробишта;
- обезбедува вршење на работи поврзани со регулација, одржување и користење на речните корита во урбанизираните делови;
- дезинсекција на подрачјето на градот Скопје;
- изградба, користење и одржување на пазари на големо и пазари за продажба на моторни возила на подрачјето на градот Скопје;
- ерадикација на животните скитници;
- определување места за закоп на мртви животни и нивно одржување;
- украсување на градот Скопје.
- Одделение за комунални работи од областа на паркови и зеленило:
- ги следи и ги анализира состојбите во областа на одржувањето и користењето на парковите и зеленилото и предлага мерки за нивно унапредување;
- врши одржување и користење на градските паркови (Градскиот парк, паркот „Жена Борец“), парк-шумите на подрачјето на градот Скопје (Парк-шумата Водно, Парк-шумата Гази Баба), водните и спортско-рекреативните зони (рекреативна зона Водно-Сарај-Матка и спортско-рекреативни површини) и заштитените подрачја;
- одржување на зеленилото на магистралните и собирните улици;
- ја следи работата на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, основано од Градот Скопје и предлага мерки за решавање на проблемите и унапредување на неговата работа;
- во соработка со надлежните сектори и одделенија од администрацијата на Град Скопје, стручно ги обработува и дава мислење за годишните извештаи и планови за работа, финансиските планови и годишните сметки и други информации доставени од ЈП „Паркови и зеленило“.
- Одделение за категоризација, нумерирање и именување на инфраструктурни објекти:
- категоризација и именување на градски населби, улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти;
- подготовка на предлог листа на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти и прибавува согласност од Влада на РСМ и мислења од општините во Градот Скопје;
- ги подготвува одлуките за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти и го организира и го следи поставувањето на таблите со имињата на улиците, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти и нумерирањето на објектите со броеви;
- издава податоци за бројот на објектот потребни за добивање одобрение за градење;
- изготвува анализи и милења на предлог урбанистичките планови на подрачје на градот Скопје;
- ја организира и ја води автоматизираната евиденција на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти и за броевите за нумерирање на објектите;
- учествува во изработката на ГИС и на проекти од областа на ГИС;
- издава податоци од автоматизирана евиденција (уверение за точна адреса).
Контакт:
Раководител на сектор за комунални работи е Зоран Лапевски
телефон: 02/3297-241
mail: Zoran.Lapevski@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Помошник раководител на сектор: Драги Митковски
Телефон: 02/3297-393
e-mail: Dragi.Mitkovski@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Помошник раководител на сектор: Петар Гичаровски
Телефон: /
e-mail: Petar.Gicarovski@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Раководител на одделение комунални работи од областа на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води: Тони Костов
Телефон: 02/3297-390
e-mail: Toni.Kostov@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Раководител на одделение за комунални работи од областа на паркови и зеленило: Емил Дуровиќ
Телефон: 02/3297-390
e-mail: Emil.Durovik@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот
Раководител на Одделение за комунални работи од областа на комуналната хигиена и за други комунални работи : Миле Менковски
Телефон:
e-mail: Mile.Menkovski@skopje.gov.mk
Работно време: 8:30 - 16:30 часот