Сектор за комунални работи

Структура
Одделение за комунални работи од областа на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води
Одделение за комунални работи од областа на комуналната хигиена и за други комунални работи;
Одделение за комунални работи од областа на одржување и користење на паркови и зеленило
Одделение за категоризација, нумерирање и именување на инфраструктурни објекти
Надлежности

Секторот за комунални работи врши работи од областа на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води, управувањето со отпадот,  одржувањето и користењето на парковите, парк-шумите, спортско-рекреативните зони и другите заштитени подрачја, одржувањето на зеленилото на јавните и сообраќајни површини, снабдување со природен гас и топлинска енергија, категоризација и именување на градски населби, улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, одржување на гробишта, дезинсекција, ерадикација на животните скитници, изградба, користење и одржување на пазари на големо и пазари за продажба на моторни возила на подрачјето на градот Скопје и други комунални работи утврдени со оваа одлука, ја координира својата работа со другите сектори во рамки на администрацијата на Град Скопје и врши други работи што ќе му бидат доверени.

 

- Одделение за комунални работи од областа на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води:

 

  • ги следи и ги анализира состојбите во областа на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води и предлага мерки за нивно унапредување;
  • подготвува предлог среднорочна и долгорочна стратегија за развој на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води во градот Скопје;
  • ги следи, изготвува и реализира прописите поврзани со:
  • снабдување со вода за пиење од единствениот водоснабдителен систем на градот Скопје;
  • одведување и пречистување на отпадни води;
  • одведување и испуштање на атмосферски води;
  • обработка и испорака на технолошка вода.
  • ја следи работата на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, основано од Градот Скопје и предлага мерки за решавање на проблемите и унапредување на неговата работа;
  • во соработка со надлежните сектори и одделенија од администарцијата на Град Скопје, стручно ги обработува и дава мислење за годишните извештаи и планови за работа, финансискиот план и годишната сметка и други информации доставени од ЈП „Водовод и канализација“.

 

- Одделение за комунални работи од областа на комуналната хигиена и за други комунални работи:

 

  • ги следи и ги анализира состојбите во областа на комуналната хигиена и предлага мерки за нивно унапредување;
  • го подготвува предлог планот за управување со отпадот на градот Скопје, предлог годишни програми за управување со отпадот и годишните извештаи за спроведување на програмата за управување со отпадот;
  • предлага проекти и дава предлози за инвестициони зафати за подобрување на општата состојба со управувањето со отпадот;
  • ги следи, изготвува и реализира прописите поврзани со:
  • собирање и транспортирање на комуналниот и друг вид неопасен отпад;
  • одржување на депониите за комунален и друг вид неопасен отпад;
  • одржување на јавната чистота и грижа за напуштениот отпад;
  • одржување на јавната чистота на јавните сообраќајни површини.
  • ја следи работата на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, основано од Градот Скопје и предлага мерки за решавање на проблемите и унапредување на неговата работа;
  • во соработка со надлежните сектори и одделенија од администарцијата на Град Скопје, стручно ги обработува и дава мислење за годишните извештаи и планови за работа, финансиските планови и годишните сметки и други информации доставени од ЈП „Комунална хигиена“;
  • одржување на гробиштата „Бутел“ и давање погребални услуги на градските гробишта;
  • обезбедува вршење на работи поврзани со регулација, одржување и користење на речните корита во урбанизираните делови;
  • дезинсекција на подрачјето на градот Скопје;
  • изградба, користење и одржување на пазари на големо и пазари за продажба на моторни возила на подрачјето на градот Скопје;
  • ерадикација на животните скитници;
  • определување места за закоп на мртви животни и нивно одржување;
  • украсување на градот Скопје.

  

- Одделение за комунални работи од областа на паркови и зеленило:

 

  • ги следи и ги анализира состојбите во областа на одржувањето и користењето на парковите и зеленилото и предлага мерки за нивно унапредување;
  • врши одржување и користење на градските паркови (Градскиот парк, паркот „Жена Борец“), парк-шумите на подрачјето на градот Скопје (Парк-шумата Водно, Парк-шумата Гази Баба), водните и спортско-рекреативните зони (рекреативна зона Водно-Сарај-Матка и спортско-рекреативни површини) и заштитените подрачја;
  • одржување на зеленилото на магистралните и собирните улици;
  • ја следи работата на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, основано од Градот Скопје и предлага мерки за решавање на проблемите и унапредување на неговата работа;
  • во соработка со надлежните сектори и одделенија од администрацијата на Град Скопје, стручно ги обработува и дава мислење за годишните извештаи и планови за работа, финансиските планови и годишните сметки и други информации доставени од ЈП „Паркови и зеленило“.

 

- Одделение за категоризација, нумерирање и именување на инфраструктурни објекти:

 

  • категоризација и именување на градски населби, улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти;
  • подготовка на предлог листа на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти и прибавува согласност од Влада на РСМ и мислења од општините во Градот Скопје;
  • ги подготвува одлуките за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти и го организира и го следи поставувањето на таблите со имињата на улиците, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти и нумерирањето на објектите со броеви;
  • издава податоци за бројот на објектот потребни за добивање одобрение за градење;
  • изготвува анализи и милења на предлог урбанистичките планови на подрачје на градот Скопје;
  • ја организира и ја води автоматизираната евиденција на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти и за броевите за нумерирање на објектите;
  • учествува во изработката на ГИС и на проекти од областа на ГИС;
  • издава податоци од автоматизирана евиденција (уверение за точна адреса).

 

Контакт

Контакт:

Раководител на сектор за комунални работи е Зоран Лапевски

телефон: 02/3297-283

mail: Zoran.Lapevski@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Помошник раководител на сектор: Драги Митковски

Телефон: 02/3297-393

e-mail: Dragi.Mitkovski@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Помошник раководител на сектор: Петар Гичаровски

Телефон: 02/3297-241

e-mail: Petar.Gicarovski@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение комунални работи од областа на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води: Тони Костов

Телефон: 02/3297-390

e-mail: Toni.Kostov@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за комунални работи од областа на паркови и зеленило: Емил Дуровиќ

Телефон: 02/3297-390

e-mail: Emil.Durovik@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за категоризација, нумерирање и именување на инфраструктурни објекти: Селвија Еркечова

Телефон: 02/3297-337

e-mail: Selvija.Erkecova@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот