Сектор за планирање и уредување на просторот

Структура
Одделение за просторно и урбанистичко планирање
Одделение за уредување градежно земјиште
Одделение за подготвителни работи, недвижен имот, постапка за експропријација на недвижности и имотно правни работи
Одделение за изградба на инфраструктурни и комерцијални (капитални) објекти
Одделение за подготовка на техничка документација од областа на уредување на просторот
Одделение за урбана опрема
Одделение за издавање одобренија за градење
Надлежности

Секторот за планирање и уредување на просторот ги врши работите поврзани со организирање и спроведување на постапката за донесување на Просторниот план на градот Скопје, Генералниот урбанистички план на градот Скопје и постапката за донесување на деталните урбанистички планови на општините во градот Скопје, уредувањето на градежното земјиште, утврдувањето стандарди и давање согласност за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на градот Скопје, реализацијата на програмите за изградба на инфраструктурни и капитални објекти, води евиденција на недвижниот имот и имотните права и интереси на Градот Скопје, изградба и одржување на јавното осветлување, ја спроведува постапката за експропријација на недвижен имот заради реализација на работи од јавен интерес, ја координира својата работа со  другите сектори во рамки на администарцијата на Град Скопје, врши работи кои се однесуваат на уредување на начинот и условите за издавање на документација за изградба на градби - одобренија за градење за градби од високоградбата и инфраструктурата утврдени во Закон.

 

- Одделение за просторно и урбанистичко планирање:

 

  • го изготвува предлог просторниот план на градот Скопје;
  • го изготвува предлог Генералниот урбанистички план на градот Скопје;
  • дава стручно мислење за иницијативите за донесување измена и дополнување на просторниот план на градот Скопје и генералниот урбанистички план на градот Скопје, доставени од општините во градот Скопје;
  • стручно ги обработува мислењата по нацртите на Просторниот план на градот Скопје и Генералниот урбанистички план на градот Скопје;
  • ги подготвува мислењата за предлог деталните урбанистички планови, урбанистички проекти и урбанистички планови за населените места што ги донесуваат општините во градот Скопје;
  • го изготвува годишниот извештај за состојбите и промените во просторот што се доставува до надлежното министерство;
  • дава предлог за утврдување на стандарди за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на градот Скопје и ги подготвува согласностите за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на градот Скопје;
  • изготвува нацрти и предлози на акти, стручно-аналитички, информативни и други материјали од областа на урбанизмот и просторното планирање.

 

- Одделение за уредување на градежно земјиште:

 

  • ги спроведува програмите подготвени од другите сектори во рамки на администрацијата на Град Скопје во делот на изградба на инфраструктурни и капитални објекти;
  • врши пресметка на надоместок за уредување на градежно земјиште и подготвува договори за уредување на градежно земјиште;
  • предлага утврдување зони на градежното земјиште.

 

- Одделение за изградба и одржување на инфраструктурни и комерцијални (капитални) објекти:

 

  • ги следи и анализира состојбите во областа на уредувањето на градежното земјиште и предлага иницијативи за подобрување на сите состојби и решавање на проблемите;
  • подготвува предлог годишна програма за уредување на градежно земјиште;
  • ја обезбедува реализацијата на годишната програма за уредување на градежно земјиште;
  • ги реализира сите градежни објекти од Програмата и Буџетот за тековната година и подготвува градежна и финансиска документација за објекти од областа на инфраструктурни и комерцијални (капитални) објекти;
  • изградба и одржување на јавното осветлување;
  • учествува во подготовка на проектни задачи;
  • припрема на јавни набавки за изградба на инфраструктурни и комерцијални (капитални) објекти;
  • ја следи јавната набавка и учествува во изборот на изведувач;
  • ја следи целокупната градба на инфраструктурни и комерцијални (капитални) објекти при што подготвува соодветна техничка документација, градежни книги и технички прием;
  • учествува во подготовка на Програмата и Буџетот за работа на секторот во тековната година;
  • изготвува извештаи за Програмата и Буџетот за изминатата година.

 

- Одделение за издавање одобренија за градење:

 

  • врши работи кои се однесуваат на уредување на начинот и условите за издавање на документација за изградба на градби - одобренија за градење за градби од високоградбата и инфраструктурата утврдени во Законот за градење како градби од втора категорија и градби во надлежност на Градот Скопје;
  • врши подготовка и стручна анализа на целокупната документација потребна за издавање на одобренија за градење, одобренија за реконструкција и други управни акти, заради доследна примена на законската регулатива;
  • врши работи кои се однесуваат на документирање и управување со постапките за издавање на одобренија за градење, одобренија за реконструкција и други управни акти за градби утврдени во Законот за градење;
  • ги следи, проучува и применува прописите од областа на урбанизмот, градежништвото, градежното земјиште и Законот за општата управна постапка;
  • ја обезбедува реализацијата на годишната програма за уредување на градежното земјиште;
  • контактира со проектантските, ревидентските и иституциите кои се вклучени во постапката за издавање

 

- Одделение за имотно правни работи,  подготвителни работи, недвижен имот и постапка за експропријација на недвижности:

 

  • врши проценки и подготвителни работи за изготвување предлози за експропријација и подготвува предлози за експропријација на недвижности заради реализација на работи од јавен интерес;
  • врши одземање на кориснички права;
  • остварува соработка со соодветните служби и на подрачните единици за имотно правни работи на Министерството за финансии;
  • изготвените спогодби ги доставува до одделението за припрема;
  • води евиденцијата на недвижниот имот и имотните права и интереси на Градот Скопје;
  • во соработка со другите сектори во рамки на администрацијата на Град Скопје, подготвува среднорочен и долгорочен план за управување со недвижниот имот на Град Скопје;
  • предлага мерки за заштита на недвижниот имот и заштита на имотните права и интереси на Градот Скопје;
  • ги подготвува одлуките на Советот на Град Скопје и договорите за издавање под закуп, продажба и купување на имот на Градот Скопје;
  • врз основа на предлозите изготвени од другите сектори, учествува во преговорите и ја спроведува постапката за експропријација на недвижности заради реализација на работи од јавен интерес.

 

- Одделение за подготовка на техничка документација од областа на уредување на просторот:

 

  • припрема на проектни задачи;
  • нарачува јавни набавки за изготвување на проекти студии и елаборати;
  • контактира со проектантските фирми и ја следи нивната работа;
  • ги поднесува проектите на стручни ревизии;
  • изготвените проекти ги доставува до соодветните одделенија;
  • ја чува и евидентира целокупната документација на секторот;

 

- Одделение за урбана опрема:

 

  • ги контролира и одобрува елаборатите за поставување на времени објекти и урбана опрема;
  • контактира со финансии за контрола на уплатените такси;
  • изготвува решенија за користење на времени објекти и урбана опрема;
  • изготвените решенија ги процесуира до Градоначалникот на одобрување;
  • врши консултации со општините во градот за изготвување на Годишна програма за времени објекти и урбана опрема.
Контакт

Раководител на Сектор за планирање и уредување на просторот - Ивана Бајкова Шаља

тел.

email - Ivana.Bajkova.Shalja@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Помошник раководител на сектор: Владимир Стрезовски

Телефон: 02/3297-388

e-mail: Vladimir.Strezovski@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Помошник раководител на сектор: Бранислав Андонов

Телефон: 02/3297-225

e-mail: Branislav.Andonov@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за просторно и урбанистичко планирање: Снежана Митовска

Телефон: 02/3297-269

e-mail: skareva@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за уредување на градежно земјиште: Владо Баџаков

Телефон: 02/3297-377

e-mail: VladoBad@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за имотно правни работи, подготвителни работи, недвижен имот и постапка за експропријација на недвижности: Весна Атанасова

Телефон: 02/3297-368

e-mail: vatanasova@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за подготовка на техничка документација од областа на уредување на просторот: Димитар Гучев

Телефон: 02/3297-385

e-mail: DimitarGucev@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на одделение за урбана опрема - Николе Дичоски

Телефон:

e-mailNikola.Dicoski@skopje.gov.mk

Работно време: 8:30 - 16:30 часот

 

Раководител на Одделение за издавање одобренија за градење - Љупка Аџиевска

Телефон:

e-mail:

Работно време: 8:30 - 16:30 часот