Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) 06.2.2026
ИЗВЕСТУВАЊЕ
за достапност на документ и јавна расправа
План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
за под-проектот
ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКAСНОСТ СУГС ЗЕФ ЉУШ МАРКУ К.П. 190 К.О.ЧАИР
Во рамки на “Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор во РСМ” (ПСЕЕП) кој се реализира од страна на Единицата за спроведување на проектот при Министерството за финансии со финансиска поддршка од Светска Банка, Град Скопје аплицираше со барање за финансирање под-проект:
ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКAСНОСТ СУГС ЗЕФ ЉУШ МАРКУ К.П. 190 К.О.ЧАИР
Согласно Рамката за животна средина и социјални работи изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беа подготвени документи “План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кои се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на под-проектот. Овие документи се поставени за јавен увид на официјалните веб страници на:
Министерството за финансии (Под-проекти за енергетска ефикасност во единиците на локална самоуправа - finance.gov.mk) и на:
Град Скопје: www.skopje.gov.mk на 06.02.2026 година
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 30 дена од поставување на документите на веб страниците, преку пополнување на формуларот кој е достапен на следниот линк:
- Образец за поднесување коментари за ПУЖССА на под-проектот на општината
- Б. Контролна листа со мерки за ЖССА – Зеф Љуш Марку – Скопје
Во текот на периодот наменет за јавни консултации за ПУЖССА, ќе се одржи и јавна расправа за документите, на 13.02.2026 (петок) со почеток во 10:00 часот во салата за состаноци до кабинетот на Градоначалникот на град Скопје, со следниот дневен ред:
- Воведен збор на претставник од Единицата за спроведување на проектот при Министерство за финансии за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор-10 мин
- Краток осврт на проектните активности од страна на консултантскиот тим за изработка на техничка документација-10 минути
- Информирање на јавноста за намерата за задолжување на Град Скопје за под-проекот со кратка презентација на работите и финансикиот износ.
- Краток осврт на документите “План за управување со животната средина и со социјалните аспекти за проектот” -20 мин
- Дискусија.
Датум на објава: 06.02.2026
Министерството за финансии
Единица за спроведување на проектот
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
