СВЕТНА НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА ВО СКОПЈЕ 06.12.2019
Со вeчерашното светнување на елката на плоштадот „Македонија“ и отворањето на новогодишниот базар „Винтерленд“ симболично се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје, а граѓаните ќе имаат можност да ја почувствуваат новогодишната магија и да уживаат во најразновидна забавна програма. На почетокот на новогодишниот базар присуствуваше Градоначалникот Шилегов, а празничната атмосфера беше збогатена со детска претстава проследена со новогодишни и божиќни песни.






- Имавме спектакуларно светнување на новогодишната елка, што за првпат го гледаме во нашиот град. Бидејќи ни претстојат денови исполнети со многу радост и среќа, Ве повикувам да го посетите Винтерленд и да уживате во богатата и разновидна програма секоја вечер за сите возрасти. На Скопјани им посакувам убави новогодишни празнувања – изјави Шилегов на отворањето на новогодишниот базар.

Новогодишните куќички на „Винтерленд“ се сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае 25 дена - од отворањето на базарот, па се до 31 декември, до дочекот на Новата 2020 година. Во близина на куќичките ќе биде сместена и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. На овој простор ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер.

Во работните денови секој ден ќе има 2 часа детска програма која ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има 3 часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма која ќе почнува точно напладне.
Градот Скопје ги поканува граѓаните да го посетат „Винтерленд“ и сите заедно да ја доживеат новогодишната атмосфера организирана по примерот на останатите европски плоштади.

- ВЕСТИ
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 19.08.2026 - Соопштение за јавностa
