Соопштение за јавност 07.6.2023
Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски и Претседателката на комисијата за меѓународна соработка на Град Скопје, Ирена Витина, денеска остварија средба со претставници од Академскиот регион кои деновиве престојуваат во Скопје за воспоставување партнерства за соработка и размена на наставен кадар, ученици и унапредување на педагошките практики помеѓу македонските и француските средни училишта.
Во соработка со Академскиот регион Оверња-Рона-Алпи во Франција, Француската амбасада и Францускиот институт во Скопје, како и Националната агенција за европски програми и мобилност, Град Скопје деновиве е домаќин на претставници од Академскиот регион кои воспоставуваат соработка со средното училиште Орце Николов кое има франкофонски билингвални паралелки со Филибер Делорм од Ил Д’Або и Васил Антевски Дрен кое во својата програма нуди изучување на францускиот јазик како втор странски јазик во економско-правната струка во текот на четиригодишното образование со Леонардо Де Винчи - од Вилфонтен, Франција. Покрај овие училишта кои се вклучени во проектот, делегацијата од Академскиот регион освен училиштата со кои ќе се оствари соработка ќе го посетат и средното угостителско училиште Лазар Танев.
- ВЕСТИ
- 15.08.2025 - Соопштение за јавност
- 13.08.2025 - Соопштение за јавност
- 12.08.2025 - Соопштение за јавност
- 08.08.2025 - Соопштение за јавност
- 07.08.2025 - Соопштение за јавност
- 06.08.2025 - Соопштение за јавност
- 05.08.2025 - Соопштение за јавност
- 26.07.2025 - Викендов авионска дезинсекција против комарци
- 27.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност