Соопштение за јавност 08.8.2025

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот.

 

Јавната дискусија за четвртите лоцирани во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи на 14 август 2025 година со почеток во 9 часот во салата на Град Скопје барака 13 и тоа за Градска четврт СЗ 04 (од 9 до 10 часот), C3 05 (од 10 до 11 часот), C3 27 (од 11 до 12 часот), C3 09 (од 12 до 13 часот) и C3 10 (од 13 до 14 часот).

 

Граници на опфат на Градска четврт СЗ 04:

- од североисток: по оска на улица „Лука Геров“;

- од југоисток: по оска на улица “Тиранска“;

- од запад и југозапад: по осовина на железнички колосек, односно по граница на ГУП на град Скопје.

 

 

Граници на опфат на Градска четврт СЗ 05:

- од северозапад: по оска на улица “Тиранска“;

- од североисток: по оска на улица “Шар Планина“;

- од југоисток: по оска на улица “Лепенец“;

- од југозапад: по оска на улица “Лука Геров“.

 

 

 

Граници на опфат на Градска четврт СЗ 27:

- од северoисток и исток: по оска на улица “Лука Геров“;

- од северозапад: по оска на Новопланирана собирна улица 18 (улица “Тиранска“);

- од ј југозапад и југ: по оска на магистрална железничка линија Скопје - граничен премин со Р. Косово.

 

 

Граници на опфат на Градска четврт СЗ 09:

- од северозапад: по оска на улица “Новопланирана собирна улица 18“;

- од североисток: по оска  на магистрална железничка линија;

- од исток: по оска на улица “Лука Геров“;

- од југ: по оска на магистрална улица ул “Црногорска“.

 

 

Граници на опфат на Градска четврт СЗ 10:

- од северозапад и североисток: по граница на ГУП на град Скопје;

- од југоисток: по оска на улица “Новопланирана собирна улица 18“;

- од југозапад: по оска на ул “Пат за економија“.

 

 

Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје барака 16 или електронски на адресата gup@skopje.gov.mk

 

Град Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес.