
Соопштение за јавност 13.8.2025
Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот.
Јавната дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Карпош и на Општина Сарај ќе се одржи на 15 август 2025 (петок) во салата на Советот на Град Скопје (барака број 13), во периодот од 9 до 11 часот за општина Карпош и во периодот од 11 до 13 часот за општина Сарај.
Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија, а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје (барака број 16) или електронски на адресата gup@skopje.gov.mk.
Град Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес.
- ВЕСТИ
- 13.08.2025 - Соопштение за јавност
- 12.08.2025 - Соопштение за јавност
- 08.08.2025 - Соопштение за јавност
- 07.08.2025 - Соопштение за јавност
- 06.08.2025 - Соопштение за јавност
- 05.08.2025 - Соопштение за јавност
- 26.07.2025 - Викендов авионска дезинсекција против комарци
- 27.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност