Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt 16.2.2026

Град Скопје  ги известува уметниците кои живеат и работат  во Скопје дека  е распишан отворен повик за уметнички престој  во Скопје,  што ќе се одржи од 20 мај до 20 јуни 2026 година  во соработка со ЈУ  Културно Информативен Центар,  како дел од активностите на европскиот проект ко-финансиран од страна на програмата на Европската Комисија „Креатива Европа“ CreArt (Network of Cities for Artistic Creation).

 

Град Скопје потпиша договор за новото продолжение на Европски проект како партнер во проектот CreArt 3 (2023-2026) мрежа на градови за уметничко творештво, составена од градови и јавни и приватни културни институции. Целта на проектот е да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници: да го максимизираат економскиот, социјалниот и културниот придонес кој визуелните уметности можат да ги направат со подобра поддршка на уметниците, менаџерите, индустријата и пошироката јавност, овозможувајќи им да креираат, изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да добијат пристап до обуки преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми. Лидер на проектот е градот Валадолид од Шпанија, а  проектот го сочинуваат 13 партнери.

 

Имено, повикот се однесува за  уметнички престој и работа во Скопје  за двајца уметници:  еден уметник кој живее и работи во  Скопје и еден уметник кој доаѓа од  градовите-учесници во проектот Каунас, Лиепаја, Авеиро, Ваљадолид, Лублин, Венеција, Клермон-Феран, Руан, Чешке Будејовице, Оулу и Регенсбург. Исто така, можат да се пријават уметници членови на HDLU (Хрватско друштво на ликовни уметници) и уметници од Украина преку нашиот партнер Уметнички совет Лавов „Дијалог“.  Уметниците треба да работат во просториите на ЈУ Културно Информативен Центар, во периодот од од 20 мај до 20 јуни 2026 година, а на крајот од престојот ќе се организира изложба  со новосоздадените дела.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО:

 

  • Организаторот (ЈУ Културно информативен центар) ќе ги покрие патните трошоци и сместувањето за уметникот кој доаѓа мрежата на градови Creart, трошоци за престој/егзистенција до 400 евра, а  ќе бидат обезбедени материјали за  работа  во износ не поголем од 500 евра;
  • За уметникот кој доаѓа од Скопје организаторот (ЈУ Културно информативен центар) ќе ги покрие локалните патни трошоци, дневни трошоци до 100 евра за локален транспорт; за двајцата уметници вкупно и ќе бидат обезбедени потребни материјали за работа во износ не поголем од 500 евра;

 

  • Секој уметник ќе добие 375 евра бруто како авторски надомест за изложбата;
  • Избраните уметници ќе ги користат просторните и техничките капацитети на ЈУ  Културно информативен центар;
  • На крајот на престојот ќе се организира изложба на двајцата уметници со уметничките дела направени за време на работниот престој во ЈУ Културно информативен центар.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

 

Апликантите мора да обезбедат во еден документ PDF:

 

  • Лична карта или пасош (скенирана копија);
  • Кратка биографија и целосно портфолио со уметнички дела;
  • Краток предлог-проект (една страна од А4)В
  • Графичка документација поврзана со престојот

 

 

Пријавувањето за учество од страна на заинтересираните уметници  е директно преку веб сајтот на проектот и се врши директно со пополнување на  он-лине апликација на следниот линк: https://creart2-eu.org/open-calls

 

Рокот за пријавување е до 16 ти март 2026 година.