ЉУБИЦА ЈАНЧЕВА ЈА ПОТПИША ПРИСТАПНИЦАТА КОН ЕНМ 2019 16.9.2019
Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, ја потпиша пристапницата кон Европската недела на мобилност 2019, со што и официјално започна ЕНМ 2019, која ќе трае 7 дена, од 16 до 22 септември, под мотото „Пешачи со нас“.
- Поттикнувањето на граѓаните активно да се вклучат во локалниот живот, да ја практикуваат својата одговорност и делотворност кон животната средина, како и создавањето услови кои тоа ќе им го овозможат се нашите цели. Реализирањето на целите на граѓаните не само што ќе им овозможат да ја осознаат својата улога во општеството, туку ќе им донесат и драгоцени полезни последици, зачувување на своето здравје, и поради поздравата животна средина и поради секојдневното движење – пешачењето и возењето велосипед – нагласи Јанчева.
Таа ги повика граѓаните во четврток (19.09) од 18 часот на улицата Димитрија Чуповски, да бидат дел од „Вело фиестата“, да се дружат и да се забавуваат, а да учествуваат и во традиционалното „Велосипедско дефиле“ кое во петок (20.09) ќе почне во 11:30 часот од новиот парк Ибни Пајко, кај објектот на Филхармонијата.
Град Скопје годинава ја реализира ЕНМ 2019 во соработка со Македонски зелен центар, канцеларијата на ЕУ во Република Северна Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
