Меѓуопштинска соработка со општина Шуто Оризари 21.10.2022

Денес со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш потпишавме договор за меѓуопштинска соработка, со што Градот Скопје за првпат целосно ја финансира изградбата  улицата „Македонско косовска бригада“ крак 18 како и партерното уредување на спортската сала со цел унапредување на можностите и воведување нови содржини во општината. Проектите по налог на Град Скопје ќе ги изведе јавното претпријатие Улици и патишта Скопје.

 

Во општината Шуто Оризари граѓаните се соочуваат со многубројни предизвици, а на барање на жителите еден од приоритетите е за првпат изградбата на улицата „Македонско косовска бригада“ крак 18. Со реализацијата на овој проект, граѓаните на Шуто Оризари добиваат над 1170 квадратни метри нова патна инфраструктура и решение за дологодишните проблеми во овој дел од градот, а партерното уредување на спортската сала е едно од барањата истакнати од страна на општина Шуто Оризари.

 

Главната цел на тековните градежни активности е во Скопје повеќе да нема заборавени населби, туку градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.