НОВ КРУЖЕН ТЕК ВО ВОЛКОВО И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ДО КУЧКОВО 29.2.2020
Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху денеска присуствуваше и се обрати на почетокот на градежните работи на кружниот тек во Волково и реконструкцијата на патот од Волково до Кучково.

- Во името на Град Скопје сакам да изразам голема благодарност до Општина Ѓорче Петров и Агенцијата за поддршка на земјоделството и рурален развој за заедничкиот влог во реконструкцијата на патот од Волково до Кучково, како и за изградбата на кружниот тек во Волково.Со изградбата на овој кружен тек конечно се решава сообраќајниот хаос во Волково каде што во иднина ќе биде олеснето движењето кон последната станица на автобуската линија со број 22, која е една од најкористените линии во јавниот автобуски превоз во Скопје - рече Ваљон Салиху.
Тој додаде дека овој пат го користат секојдневно околу 10.000 жители на Општина Ѓорче Петров кои живеат и работат во Волково, Кучково, Никиштани и во Орман, но истовремено се олеснува и пристапот кон магистралниот пат кој води кон Косово.

- Остануваме посветени заедно со Општина Ѓорче Петров на развојот и унапредувањето на секундарната сообраќајна мрежа за да се обезбеди побезбеден сообраќај и одржлива урбана мобилност како императив кон кој се стремиме како единици на локалната самоуправа – кажа Салиху на почетокот на градежните работи на кружниот тек во Волково.
Со изградбата на кружниот тек во Волково и реконструкцијата на патот до Кучково ќе се зголеми и безбедноста на сите учесници во сообраќајот коишто ги користат овие сообраќајници.

На почетокот на градежните работи на кружниот тек во Волково присуствуваа и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
