Нов мега-парк во Чаир 13.3.2023
Во градот Скопје повеќе нема заборавени населби. Секој граѓанин има право на модерен град, уредена населба и еднакви можности.

Со гордост сакаме да најавиме дека започнува изградбата на нов мега-парк кој во соработка меѓу општина Чаир и градот Скопје, се протега на просторот на ул.Македонско Косовска Бригада од крстосницата со Втора Македонска бригада до крстосницата со Џон Кенеди.
![]() |
![]() |
![]() |
Мега-паркот ќе се простира на површина од 30.000 метри квадратни, а ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и тревник.
![]() |
![]() |
![]() |
Воедно во паркот се предвидени 2 нови спортски игралишта, нови 2 детски игралишта, 2 паркови површини за миленици, еден фитнес дел, 26 нови летниковци, нови урбана опрема, пешачки патеки и фонтани.
![]() |
![]() |
![]() |
Програмата „За Модерно Скопје“ ја реализираме во целост, и никогаш нема да отстапиме од она што сме го ветиле пред граѓаните, кои заслужуваат нови зелени и паркови површини.
- ВЕСТИ
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 19.08.2026 - Соопштение за јавностa









