ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА НИКОЛА КАРЕВ 06.11.2023

Се реализира уште едно ветување од програмата „За модерно Скопје" за реконструкција на улицата Никола Карев и тоа од крстосницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу до крстосницата со улица Ѓуро Ѓоновиќ.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, изврши увид во отпочнување на градежните работи за реконструкција на улицата Никола Карев во општината Центар.

- Станува збор за фреквентна улица која поврзува клучни сообраќајници во Скопје, која е во непосредна близина на Меѓуградската автобуска станица. Реконструкцијата на улицата Никола Карев се реализира на барање на граѓаните со што исполнуваме уште едно ветување од програмата „За модерно Скопје" затоа што потребите на граѓаните се наш приоритет – истакна градоначалничката Арсовска.

На улицата Никола Карев се врши реконструкција на коловозот, нивелација на шахтите и на сливниците, како и поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, а градежните работи ги изведуваат екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта Скопје”.