ПОКАНА ЗА ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

18.01.2022 Во четврток (20.01.2022 година) во 11 часот, Советот на Град Скопје ќе ја одржи 4-та седница. На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:

Повеќе

Град Скопје и фондацијата ,,Конрад Аденауер" договорија соработка

18.01.2022 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска воспостави комуникација и договори конкретна соработка со официјалниот претставник на Фондација „Конрад Аденауер” во Скопје, Даниел Браун и програмскиот менаџер на фондацијата Давор Пашоски.

Повеќе

Инспекторите и комуналните редари на Град Скопје во текот на викендот изрекоа 14 казни

17.01.2022 Екипи на Инспекторатот на Град Скопје, составени од комунални инспектори и инспектори за животна средина, изминатиов викенд изрекоа казни за палење оган на отворено, како и за недозволено фрлање отпад.

Повеќе

Градоначалничката Арсовска се сретна со Здружението на глуви и наглуви лица на град Скопје

17.01.2022 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, оствари средба со претставници од Здружението на глуви и наглуви лица на град Скопје, со кои разговараше за клучните проблеми со кои се соочуваат овие лица и потребата од итни решенија, како од Град Скопје, така и од централната власт.

Повеќе

Се реализира едно од ветувањата за првите 82 дена од градоначалничкиот мандат на Арсовска

17.01.2022 Тимови на град Скопје на терен со проценка на состојбата со заборавените населби

Повеќе

Започнува со чистење депонијата кај Железничкиот мост во општина Гази Баба

16.01.2022 Град Скопје денес започна со чистење на депонијата кај железничкиот мост на реката Вардар во општина Гази Баба.

Повеќе

Континуирани вонредните теренски контроли на јавни превозници

16.01.2022 Продолжуваат вонредните надзори на терен преку контроли на автобусите и комбињата кои вршат превоз на патници на територија на Град Скопје. Инспекторатот денеска изрече две казни за фирмите “Менсур Турс” и “Ганиќ ексклузив” од Скопје.

Повеќе

Чистењето на депонии низ Скопје продолжува

15.01.2022 Продолжува чистењето и средувањето на над 120 мапирани депонии низ Скопје.

Повеќе

Град Скопје започнува со градежна офанзива и реконструкција на улици во должина од 10 километри во првите 100 дена мандат

15.01.2022 Град Скопје годината ја започнува со целосна реконструкција на улици во должина од 10 километри уште во првите 100 дена од новиот мандатот на градоначалничката Данела Арсовска.

Повеќе

Град Скопје континуирано продолжува да спроведува теренски контроли на јавни превозници

15.01.2022 Градот Скопје континуирано спроведува теренски контроли, со цел законите кои што се пропишани за оваа дејност да бидат почитувани и имплементирани во секојдневното функционирање на фирмите кои што работат со јавен превоз...

Повеќе

Наместо одржливи и реални решенија за проблемите на граѓаните, СДСМ продолжува со лаги и манипулации

14.01.2022 Наместо конкретни идеи за подобрување на животот на граѓаните СДСМ секојдневно шири невистини и лажни вести со кои нанесува директна штета на Градот Скопје.

Повеќе

СДСМ со препукувањата не им помага на граѓаните, потребни се реални и ефикасни решенија од страна на Владата

14.01.2022 Наместо да се занимаваме со препукувања поттикнати секојдневно од прес конференциите и соопштенијата на СДСМ, порачуваме Владата да го реши проблемот со греењето во Скопје и својата енергија да ја насочи кон тоа

Повеќе

По барање на студентите читалната во градската библиотека Браќа Миладиновци ќе работи 24 часа

13.01.2022 Работното време на читалната во градската библиотека Браќа Миладиновци по барање на студентите ќе биде 24 часа.

Повеќе

Бојан Христовски в.д. директор на ЈП Градски паркинг

13.01.2022 Бојан Христовски именуван за в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“. Тој е магистер на науки на факултетот за безбедност, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, а во својата струка има поминато повеќе меѓународни обуки.

Повеќе

Арсовска: Човек сум што не потпаѓа под притисоци

13.01.2022 Не сум човек да подлегнам на некакви притисоци или влијанија. Верувам дека треба да се работи со сите институции, поединци, индивидуи. Верувам дека треба да се гради еден партнерски однос базиран на доверба, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

Повеќе

Арсовска: Механизмите и средствата за справување со енергетската криза ги има Владата, локалната власт не може да носи национални политики

13.01.2022 Механизмите и средствата за справување со енергетската криза ги има Владата. Треба да преземе се што е неопходно за граѓаните да бидат заштитени и да ја поминат зимата онака како што заслужиле. Не само што им беше зголемена сумата што ја плаќаат за 14 проценти повеќе, туку заслужуваат и подобри услови

Повеќе

Арсовска: Преседан е Владата да бара спасител од енергетската криза во Град Скопје

13.01.2022 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостувањето во емисијата Клик Плус на ТВ 21, изјави дека за неа е преседан Влада да бара градот да биде спасител на проблемот со енергетската криза

Повеќе

Арсовска: Политичката игра на “не сме надлежни“ а се надлежни е непримерно и тоа им е јасно на граѓаните

13.01.2022 Политичката игра на “не сме надлежни“ а се надлежни е непримерно. Сведоци сме дека кога владата знаела да земе дел од нафтените резерви и да ги даде на градот за да бидат дотерани во јавниот превоз и кога немало ваква енергетска криза. Јасно им е на граѓаните, знаат какви се чекорите кои биле преземани во минатото, и кога не сме биле во криза како во моментов, а не било толку неопходно, а биле трошени средствата на граѓаните од непродуктивни трошења, владата знаела да помогне за да излезат од оние состојби во кои се затоа што била свесна дека со овој степен на децентрализација не можат да ги постигнат ветувањата кои треба да ги реализираат, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во Клик Плус на ТВ21

Повеќе

Арсовска: Очигледно не е решено загадувањето како што се пласираше изминатите години

13.01.2022 Активно и неселективно се прават контроли за детектирање на загадувачи во индустриските капацитети, но само онаму каде градот Скопје има ингеренции и смее да пристапи по закон да влезе и прави испитувања. Ова ќе го правиме во текот на целата година, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во нејзиното вечерашно гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21

Повеќе