Арсовска - Костовски: Наместо дива депонија, реализирана нова зелена површина над 3000 квадратни метри во населба Радишани

16.05.2022 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски и директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски, извршија увид на новата реализирана зелена површина на улицата Бутелска во населбата Радишани во општина Бутел

Повеќе

Пролетната акција на Град Скопје и јавните претпријатија од денеска се реализира во општина Ѓорче Петров

16.05.2022 Градот Скопје заедно со јавните градски претпријатија и во координација со Општина Ѓорче Петров ја почнаа големата пролетна работна акција на подрачјето на оваа општина

Повеќе

Годинава по 10 пат се одржа манифестацијата „Прв до врв“

15.05.2022 На јубилејното одржување на манифестацијата „Прв до врв“ на скопската планина Водно, денеска присуствуваше градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која на најдобрите им додели награди, се заблагодари на сите учесници и го честиташе јубилејното одржување на манифестацијата Прв до врв.

Повеќе

Комунална хигиена собра 105 кубни метри кабаст отпад и расчистува голема дива депонија во општина Центар

14.05.2022 Пролетната работна акција на Град Скопје со екипите на јавните претпријатија и во координација со Општина Центар, успешно се спроведе на целата територија на оваа општина.

Повеќе

Арсовска - Перински: Инвестираме над 12 милиони денари за подобро водоснабдување на високите зони во населбата Козле

13.05.2022 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински, денеска извршија увид во градежните активности за реконструкција и поврзување на постојната водоводна мрежа во населбата Козле во општина Карпош ...

Повеќе

ЈП Лајка утре организира ОТВОРЕН ДЕН

13.05.2022 Поради големиот интерес и желба на граѓаните да волонтираат и да се дружат со кучињата коишто се згрижени во прифатилиштето за бездомни кучиња, ЈП Лајка организира ОТВОРЕН ДЕН, утре( сабота 14.05.2022год) од 11:00 до 15:00 часот.

Повеќе

 „Градски паркинг“ со санкции за 147 непрописно паркирани возила на јавни површини

13.05.2022 Во текот на изминатата недела (05.05 – 12.05.2022 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 147 возила од јавните површини.

Повеќе

Изминатата недела 4.646  граѓани ја користеле жичницата до Милениумскиот крст

13.05.2022 Во периодот од 6 до 12 мај со жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст се возеле 4646 граѓани, односно само за време на викендот (7 и 8 мај) 3.111 граѓанин го посетиле Водно и ја користеле жичницата.

Повеќе

Градот Скопје распиша Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за обештетување од каснувања од бездомни кучиња

12.05.2022 Град Скопје објави Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета, предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје

Повеќе

Во тек е Јавниот повик за ангажирање на членови во Комисија за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје

12.05.2022 Согласно со Законот за заштита на правата на пациентите, Градот Скопје формира постојана Комисија за унапредување на правата на пациентите, во согласност со прописите од областа на локалната самоуправа.

Повеќе

Александар Стојковски е новиот вршител на должност Директор во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје

12.05.2022 Ја информираме јавноста дека Александар Стојковски е новиот директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП).

Повеќе

Во ЗОО Скопје се родија три бебиња од загрозениот вид бели волци

12.05.2022 Во ЗОО Скопје се родија бебиња од загрозениот вид бели волци (canis lupus arctos). Стари се три недели, а белата боја на крзното, како на нивните родители, ќе ја добијат со текот на времето.

Повеќе

Регионална конференција „Паметни и одржливи градови во Западен балкан“ – Градот Скопје посветено работи на одржлив и паметен урбан развој

12.05.2022 Одржлив и паметен урбан развој, зајакнување на регионалната соработка и програми за техничка поддршка се главните теми на дводневната регионална конференција „Паметни и одржливи градови во Западен балкан“ којашто се одржува во Скопје, со цел креирање стратегии за паметни и одржливи градови.

Повеќе

Започна чистење на кејот на река Вардар

11.05.2022 Согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2022 година, по налог на Градот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје започнаа со спроведување на активности за чистење на коритото на реката Вардар

Повеќе

Паркот во Гази Баба збогатен со нови содржини за рекреација и пријатен престој за посетителите

11.05.2022 Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, по налог на Град Скопје, деновиве поставија нови парковски елементи изработени од дрво на повеќе локации во Паркот на природата „Гази Баба“

Повеќе

Арсовска: Градот Скопје е пријател на лицата со аутизам, со поддршка на бројни проекти овозможуваме социјална инклузија на сите лица со попреченост

11.05.2022 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во Музејот на македонската борба учествуваше на настан за промоцијата на„Пријателски места за аутизам“, во организација на Македонското научно здружение за аутизам.

Повеќе

Екипите на ЈП Водовод и канализација во изминативе денови отстранија повеќе дефекти на терен

10.05.2022 Екипите на ЈП Водовод и канализација во текот на изминативе денови покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенира на неколку локации низ градот.

Повеќе

Пролетната акција на Град Скопје и јавните претпријатија продолжува во општина Центар

10.05.2022 Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Општина Центар вчера ја почнаа големата пролетна работна акција на подрачјето на општина Центар

Повеќе

Стаменов: Апелираме за откривање на сторителите за обидот за обивање на билетарата во ЗОО Скопје, го осудуваме секој обид  да се наруши работата и функционирањето на градината

10.05.2022 Денеска директорот на ЈУ Зоолошка градина Скопје во изјава до јавноста истакна дека вчера во утринските часови констатиран е обид за обивање на билетарницата и обид за насилен влез во благајната на Зоолошката градина.

Повеќе

Вандализам врз ормарите за уличното осветлување причина за прекин на електричната енергија во Градскиот парк – остро го осудуваме вандалскиот чин

09.05.2022 Ја известуваме јавноста дека по реакција од чуварските служби на Град Скопје дека во Градскиот парк вчеравечер немало улично осветлување, по што надлежните градски екипи веднаш излегоа на терен во увид и во рок од 15-тина минути го санираа проблемот.

Повеќе