Арсовска: Изградена нова фекална канализација во Тафталиџе се решаваат децениските предизвици 07.7.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински, денеска извршија увид во изградбата на новата фекална канализација на улицата Софиска во населбата Тафталиџе во општина Карпош.
- Реализираме проекти за подобрување и унапредување на инфраструктурата во општина Карпош, а истовремено решаваме долгогодишни проблеми на околните жители со инфраструктурата во овој дел на градот.
На улицата Софиска во населбата Тафталиџе изградена е нова линија по самата улица, а се интервенираше и на постоечкиот систем во оваа населба со цел подобрување на досегашниот начин на одведување на отпадните води.
Новата линија за одведување на отпадните води со вкупна должина од 410 метри, се приклучи на постоечката фекална канализација на улицата Московска со дијаметар од 400мм.
- Изградбата на нова фекална канализација во Тафталиџе е уште една од низата планирани инвестиции на ЈП Водовод и канализација, чија реализација е завршена во предвидениот временски период. Продолжуваме посветено да работиме на изградба на нова и на подобрување на постоечката водоводна и канализациона мрежа во Скопје - истакна Перински.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
