Продолжува дезинсекцијата против ларви и возрасни форми на комарци 12.7.2022
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 14.07.2022 година (четврток) ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци. Исто така, на 16.07.2022 (сабота) година ќе започне авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, додека на 18.07.2022 (понеделник) година ќе започне терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци.
Прскањето ќе се врши според следниот распоред:
- Авионската и терестричната дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје ќе се реализираат на 14.07.2022 (четврток), во раните утрински часови (авионски) и во текот на денот (терестрично).
- Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 16.07.2022 (сабота) и 17.07.2022 (недела), во раните утрински часови.
- Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 18.07.2022 (понеделник) до 21.07.2022 (четврток), во период од 22 до 03 часот, наредниот ден.
Доколку временските услови не дозволуваат да се прска дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
