ОД УТРЕ СКОПЈАНИ ЌЕ ВОЗАТ ПО НОВИОТ БУЛЕВАР АСНОМ

25.05.2020 Со бележењето на хоризонтана сообраќајна сигнализација на булевар АСНОМ во општина Аеродром, од утре граѓаните ќе возат по новиот проширен булевар.

Повеќе

ВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА УЛИЦА АЛЕКСАНДАР УРДАРЕВСКИ

25.05.2020 Град Скопје известува дека поради реконструкција на коловозот на улицата Александар Урдаревски во општина Бутел, почнувајќи од 26.05.2020 година на оваа сообраќајница ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Повеќе

ПОКАНА ЗА 51-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

22.05.2020 Советот на Град Скопје на ден 28.05.2020 година (четврток) во 11 часот, ќе ја одржи својата 51-ва седница. На седницата Советот ќе работи по следниот предложен дневен дред:

Повеќе

ПРОСТОР ПРОТИВ КОРОНА – ГРАД СКОПЈЕ ОТСТРАНУВА 240 РЕКЛАМНИ ОБЈЕКТИ ОД ЈАВНИОТ ПРОСТОР

21.05.2020 Градот Скопје почнува акција за ослободување на јавниот простор во време на корона и се придружува на семејството европски и светски градови кои за време на пандемијата ослободија големи простори за потребите на пешаците и на велосипедистите, за подобар проток на воздух во урбаната средина...

Повеќе

ОТВОРЕНА СЕНЗОРНА СОБА ЗА ДЕЦА СО АТИПИЧЕН РАЗВОЈ ВО ГРАДИНКАТА ВО РАДИШАНИ

20.05.2020 Градот Скопје и Општина Бутел изминатиов период адаптираа и опремија сензорна соба за деца со атипичен развој во градинката „11 Октомври“, работна единица „Ташко Караџа“ во населбата Радишани.

Повеќе

ШИЛЕГОВ: ВИЕ СТЕ НАШАТА ГОРДОСТ И ГАРАНЦИЈА ЗА БЕЗБЕДЕН ЖИВОТ

20.05.2020 Во противпожарната станица во Автокоманда беше одбележан 20 Мај – Денот на пожарникарството. Пред построените пожарникари командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, на градоначалникот Петре Шилегов му поднесе рапорт.

Повеќе

СЕ ПУШТА ВО УПОТРЕБА НОВИОТ ПАРКИНГ ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

20.05.2020 Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска направија обиколка низ клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ и извршија увид во големиот број градежни активности што се вршеа изминатиов период.

Повеќе

СПОРТУВАЈ ОД ДОМА СО ГРАД СКОПЈЕ - ДОСЕГА 7 СПОРТСКИ ИНСТРУКТОРИ ПОНУДИЈА ВЕЖБИ ЗА ГРАЃАНИТЕ

19.05.2020 Од 13 мај до денеска, седум добро познати инструктори во различни домени на спортот за граѓаните понудија онлајн видеа со вежби за одржување на телесната форма за време на вонредните услови што ги налага пандемијата од корона вирусот.

Повеќе

ЗАВРШИ ПРВАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПЛАСТИЧАРСКА

17.05.2020 Со нанесување на завршниот асфалтен слој, викендов, екипите на Град Скопје ја финализираа првата фаза од проширувањето и реконструкцијата на булеварот Никола Карев, односно познатата Пластичарска улица.

Повеќе

ЗАВРШИ ПРВАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БУЛЕВАР АСНОМ

17.05.2020 Екипите на Град Скопје, со нанесување на последниот асфалтен слој на коловозот на булевар АСНОМ во општина Аеродром, викендов ја завршија првата фаза од реконструкцијата на овој булевар на потегот од крстосницата со улица Васко Карангелевски до крстосницата со булевар Србија кај мостот Близнак.

Повеќе

НЕ ГИ ПАЛЕТЕ СТРНИШТАТА - ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА БЕСПЛАТНО ДА ПОДИГА ОСТАТОЦИ ОД БЕРБА

15.05.2020 По застојот поради пандемијата од корона вирусот, Градот Скопје ја продолжува кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата, а со тоа да се заштити воздухот од загадување.

Повеќе

ВО САБОТА ЦЕЛОСНО ЗАТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ БУЛЕВАРОТ НИКОЛА КАРЕВ (ПЛАСТИЧАРСКА)

15.05.2020 Град Скопје ја известува јавноста дека поради извршување градежни работи, утре (16.05.2020 година, сабота), во периодот од 08 до 24 часот, целосно за сообраќај ќе биде затворен бувеларот Никола Карев (Пластичарска), на потег од крстосницата со улица Самоилова (амбасадата на САД)...

Повеќе

ШИЛЕГОВ: НАМЕСТО ДА ГРАДИМЕ ЗГРАДИ НА ПЛОШТАДОТ, НИЕ СОЗДАВАМЕ ЗЕЛЕНИЛО

13.05.2020 Градоначалникот Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска го промовираа новиот плочник кој се наоѓа помеѓу влезот на ГТЦ и градскиот плоштад...

Повеќе

СПОРТУВАЈ ОД ДОМА СО ГРАД СКОПЈЕ И ТИМ ПОЗНАТИ СПОРТСКИ ИНСТРУКТОРИ

12.05.2020 Градот Скопје во соработка со тим еминентни и добро познати инструктори во различни домени на спортот од утре за граѓаните ќе понудат онлајн видеа со вежби за одржување на телесната форма за време на вонредните услови што ги налага пандемијата.

Повеќе

УШТЕ ЕДЕН НОВ БУЛЕВАР ВО СКОПЈЕ - СЕ ГРАДИ ВТОРАТА ФАЗА ОД БУЛЕВАРОТ БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

11.05.2020 Екипите на Град Скопје почнаа со изведба на втората фаза од изградбата на новопроектираниот булевар Босна и Херцеговина, на потегот од крстосницата со булеварот Христијан Тодоровски Карпош до крстосницата со улиците Ќемал Сејфула и Бутелска.

Повеќе

НАСКОРО СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ И ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ

10.05.2020 Градот Скопје наскоро ќе објави повик за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети во 2020 година.

Повеќе

ПОСЛЕ 50 МААЛСКИ КОНЦЕРТИ ВЕЧЕР ЗАПИРА  „КУЛТУРА ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА“

10.05.2020 На денешната прес конференција преставниците на градските културни институции информираа за резултатите од проектот „КУЛТУРА ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА“. На досегашните 50+ настани, настапиле повеќе од 200 изведувачи, со повеќе од 500.000 гледачи на социјалните мрежи и илјадници балкони во осум различни опш

Повеќе

ДЕНЕСКА ТРИ МУЗИЧКИ ИЗВЕДБИ И ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА

09.05.2020 Програмата „Култура во време на корона“ за скопјани денеска ќе понуди два концерта, диџеј настап и панел дискусија. Во 19 часот на платото пред Универзална сала концерт ќе одржи групата „Antiart“, а во 20:30 часто на истата локација концерт ќе одржи групата „Bandoff“.

Повеќе

ВИКЕНДОВ ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ

08.05.2020 Град Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира на 09.05.2020 година (сабота) и на 10.05.2020 година (недела), во раните утрински часови.

Повеќе

ВЕЧЕР ДВЕ МУЗИЧКИ ГРУПИ ЌЕ ОДРЖАТ КОНЦЕРТИ

08.05.2020 Програмата „Култура во време на корона“ за скопјани денеска ќе понуди два концерта. Во 20:30 часот во паркот во Автокоманда концерт ќе одржи групата THE RINGTONES, а за во 22 часот во Универзалната сала е закажан настапот на PALINDROM.

Повеќе