ПРЕТСТАВА И КОНЦЕРТИ - ДЕНЕСКА СЛЕДУВААТ ТРИ ИЗВЕДБИ НА ОТВОРЕНО

07.05.2020 За денеска се закажани три нови изведби од програмата „Култура во време на корона“. Во 19 часот во Скопје Север жителите на околните згради ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава WESTSIDE CONCEPT, на театарот WESTSIDE. Во 20:30 часот во паркот во Кисела Вода концерт ќе одржи АМОН МРА

Повеќе

ОД ДЕНЕСКА СКОПЈЕ СО НОВ БУЛЕВАР – ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА БУЛЕВАРОТ ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КАРПОШ

07.05.2020 Градот Скопје од денеска е побогат за уште една важна сообраќајница - булеварот Христијан Тодоровски Карпош. Оваа нова сообраќајна врска која ќе овозможи развој на северниот дел од градот денеска и официјално беше пуштена во употреба, во присуство на градоначалникот Петре Шилегов кој се обрати пред присутните. На настанот присуствуваа и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, градоначалниците на општините Бутел, Гази Баба и Шуто Оризари - Велимир Смилевски, Борис Георгиевски и Курто Дудуш, како и претставници од јавните претпријатија.

Повеќе

ВЕЧЕР ДВЕ ИЗВЕДБИ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА

06.05.2020 Денеска ќе се одржат две нови изведби од програмата „Култура во време на Корона“. Вечер во 20 часот, во Универзална сала концерт ќе одржат DOPE KUKJATA, а во 21 часот ЗОКИ БЕЈБЕ ќе има свој сет на Кале.

Повеќе

ДЕНЕС ДВА КОНЦЕРТА НА ОТВОРЕНО ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА

05.05.2020 Денеска ќе се одржат две нови изведби од програмата „Култура во време на Корона“. Вечер во 19 часот, кај Железничката зграда зад трговскиот центар Буњаковец, концерт ќе одржи групата Љубојна, а во 20.30 часот BONIFACE ќе имаaт свој настап кај паркот на ул. Вуковарска во населбата Чаир.

Повеќе

ДОСЕГА 100 УМЕТНИЦИ СО СВОИ ИЗВЕДБИ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА

04.05.2020 До денеска 100 уметници со своите изведби беа дел од програмата „Култура во време на корона“ на Град Скопје.

Повеќе

ВЕЧЕР ВО ПАРКОТ ВО КАПИШТЕЦ  ДВЕ ИЗВЕДБИ НА ОТВОРЕНО ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА

04.05.2020 За денеска се закажани две нови изведби од програмата „Култура во време на корона“. Во 19 часот, во паркот во Капиштец, ќе одржи едночасовен концерт на сурф-рок бендот Д Планктонс, а во 20:30 часот, на истата локација, настап ќе имаат Нокаут.

Повеќе

ДЕНЕСКА ПЕТ ИЗВЕДБИ НА ОТВОРЕНО ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА

03.05.2020 За денеска се закажани пет нови изведби од програмата „Култура во време на корона“.

Повеќе

ВО ПОНЕДЕЛНИК АВИОНСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ

01.05.2020 Градот Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 04.05.2020 година (понеделник), во раните утрински часови.

Повеќе

ДЕНЕСКА СЛУШАМЕ ЏЕЗ – СЛЕДУВААТ СЕДУМ КОНЦЕРТИ ВО МКЦ

30.04.2020 Денеска, на Меѓународниот ден на џезот, програмата „Култура во време на корона“ ќе биде посветена на џез-музиката.

Повеќе

50.000 МАСКИ ОД НАНЧАНГ ЌЕ СТИГНАТ ДО ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ – ГРАД СКОПЈЕ ЈА ПОЧНА ДИСТРИБУЦИЈАТА

30.04.2020 Градот Скопје денеска почна со дистрибуцијата на донацијата од 50.000 заштитни маски од збратимениот град Нанчанг, од Кина, кои ќе бидат наменети за здравствените работници во повеќе здравствени институции во Скопје.

Повеќе

ДОСЕГА 41 УМЕТНИК НАСТАПИЈА ВО „КУЛТУРА ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА“

29.04.2020 Од првиот маалски концерт што се одржа во средата на 15.04.2020 година, па до денеска, како дел од програмата „Култура во време на корона“ на отворено настапија 41 уметник, во 17 проекти.

Повеќе

ШИЛЕГОВ ЈА НАЈАВИ ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА ЗА ОВА ЛЕТО

29.04.2020 Градот Скопје почнува градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските сообраќајници во вредност од 760 милиони денари, во тековната и наредната година, најави градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

Повеќе

ЗА ПРВПАТ СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ КОНФЕРЕНЦИСКА ВРСКА

28.04.2020 Советот на Град Скопје денеска ќе ја одржи седмата вонредна седница која поради состојбите со корона вирусот ќе се одржи преку Интернет конференциска врска.

Повеќе

ВЕЧЕР ВО ПАРКОТ „ИБНИ ПАЈКО“ – ДВЕ ИЗВЕДБИ НА ОТВОРЕНО ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА

28.04.2020 За денеска се закажани две нови изведби од програмата „Култура во време на корона“. Во 20 часот, во паркот „Ибни Пајко“, познатиот музичар Мартин Мила ќе одржи едночасовен концерт, а во 21 часот, на истата локација, настап ќе има квартетот Agni Avshar.

Повеќе

ГОЛЕМА ГЛЕДАНОСТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ НА МААЛСКИТЕ КОНЦЕРТИ НА ОТВОРЕНО ВО СКОПЈЕ

27.04.2020 Вчерашните маалски концерти од програмата „Култура за време на корона“ побудија голем интерес, имаа одличен прием кај околните жители и постигнаа голема гледаност на социјалните мрежи на Град Скопје.

Повеќе

ГОЛЕМА ГЛЕДАНОСТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ НА МААЛСКИТЕ КОНЦЕРТИ НА ОТВОРЕНО ВО СКОПЈЕ

27.04.2020 Вчерашните маалски концерти од програмата „Култура за време на корона“ побудија голем интерес, имаа одличен прием кај околните жители и постигнаа голема гледаност на социјалните мрежи на Град Скопје.

Повеќе

РЕАКЦИЈА

27.04.2020 Град Скопје ги отфрла неоснованите и груби обвинувања кои на денешната прес-конференција ги изнесе Ирена Попова, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје во врска со изградбата на лифтот на влезот во Градскиот трговски центар.

Повеќе

И ВЕЧЕР ДВЕ ИЗВЕДБИ НА ОТВОРЕНО ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА

27.04.2020 Денеска ќе се одржат две нови изведби од програмата „Култура во време на Корона“.

Повеќе

СЕДЕТЕ ДОМА ЗА ВРЕМЕ НА КОРОНА - ГРАД СКОПЈЕ СО ПРОГРАМА ОД ШЕСТ ИЗВЕДУВАЧИ ЗА ДЕНЕС

26.04.2020 После вчешаните концерти на отворено во Топанско Поле на Артан Кастрати и групите Funk Shui и Musaiq кај Млечен, денеска ќе настапат шест изведувачи како дел од програмата „Култура во време на Корона“ што ја спроведува Град Скопје за подрршка на културните работници.

Повеќе

ВЧЕРА СЕ ОДРЖА ВТОРИОТ КОНЦЕРТ НА ОТВОРЕНО ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА – ДЕНЕС ЧЕТИРИ НОВИ ИЗВЕДБИ ВО СКОПЈЕ

25.04.2020 Музичката група EYE CUE вчеравечер одржа едночасовен концерт како дел од програмата „Култура во време на Корона“ што ја спроведува Град Скопје како подрршка за културните работници.

Повеќе