ВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА УЛИЦА АЛЕКСАНДАР УРДАРЕВСКИ 25.5.2020

Град Скопје известува дека поради реконструкција на коловозот на  улицата Александар Урдаревски во општина Бутел, почнувајќи од 26.05.2020 година на оваа сообраќајница ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

 

Времената измена на режимот на сообраќај ќе биде означена со посебна сигнализација, ќе се однесува на потегот од кружниот тек на  крстосницата со улица Боца Иванова, до крстосувањето со улица Бутелска, а ваквиот режим ќе важи до завршување на градежните работи на улица Александар Урдаревски.

 

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.