НЕКОГАШНИОТ НАПУШТЕН ПРОСТОР ВО КИСЕЛА ВОДА СЕГА Е НОВА ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА 31.5.2020
Во завршна фаза е уредувањето на новиот парк во Кисела Вода, лоциран меѓу улицата Лазар Димитров и железничката пруга, позади бараките во населбата 11 Октомври.

Овој простор, кој е во непосредна близина на центарот на нашиот град, со децении беше запуштен и на истиот се создаваа поголем број на депонии со шут и отпад.

Изминатиов период екипите на Град Скопје работеа на расчистување на просторот и рамнење на теренот, каде беше посадено нова трева, а во наредниот период следува и садење на планираното зеленило.

На новиот парк, што е на површина од околу 16.000 квадратни метри, во текот на есенската акција за садење ќе се засадат над 150 листопадни и 240 зимзелени садници, како и околу 400 украсни грмушки.

Град Скопје продолжува со уредување на местата кои претходно биле диви депонии сега да прераснуваат во мали зелени оази со цел поздрава и поубава животна средина за сите граѓани.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
