ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ ОД ДЕНЕСКА ПОВТОРНО ОТВОРЕНА ЗА ПОСЕТИТЕЛИ 26.5.2020

Вратите на Зоолошката градина во Скопје од денеска се повторно отворени за посетителите. Граѓаните ќе може да ја посетуваат секој ден, од 9 до 16 часот, а притоа ќе мора да се придржуваат на  новите протоколи за работа и движење низ Зоолошката, и тоа:

 

  • Задолжително носење маска при влез во ЗОО Скопје;
  • Чекање ред на растојание од 2 метра;
  • Строго е забрането хранење и доближување до животните;
  • Отпадоците да се фрлаат во корпите;
  • Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта и
  • Одржување дистанца од другите посетители.

 

Важно е да се нагласи дека бројот на посетители во Зоолошката ќе биде ограничен за да не се создава метеж, односно, во текот на еден час во градината ќе може да има до 150 граѓани.

Поради пандемијата од коронавирусот скопската Зоолошка градина беше затворена 2,5 месеци. Тој период беше искористен за дезинфекција на живеалиштата, се реновираа делови од градината, а во соработка со Град Скопје се изградија живеалиштата за пингвини и за фламинга.