ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА - ПОРТАЛИ 2020 02.6.2020

Во Музеј на Град Скопје денеска беше отворена изложбата ПОРТАЛИ 2020, под мотото „Чувствувај, Создавај, Споделувај“, како дел од европскиот проект CreArt. Network of Cities for Artistic Creation. Изложбата требаше да се отвори на 21 март во чест на Европскиот ден на уметничка креативност, а беше одложена поради Covid -19. На изложбата се претставени делата на деветте врвни уметници-костимографи и сценографи од нашата држава, Ангеловска Илина, Андонова Наташа, Ветероска Марија, Гоља Инес, Деари Енез, Ефтимов Никола, Розе Трајческа Ристовска, Светозарев Сергеј и Марија Пупучевска.

Изложбата наскоро ќе може да се погледне и онлајн.