ПРОБНО ВОЗЕЊЕ НА НОВИТЕ ЕКО АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ 05.6.2020
Новите еко автобуси на ЈСП „Скопје“ почнаа со пробно возење низ улиците на Скопје и наскоро ќе станат дел од јавниот транспорт. Во тек е обуката на возачите, која ќе трае и за време на карантинскиот викенд, односно по пет возачи дневно ќе ги возат автобусите низ градот. До недела ќе бидат обучени 25 возачи, а обуките ќе продолжат и во наредниот период.

Досега во Скопје се стигнати 13 нови еко автобуси, десет единечни и три зглобни, а во текот на наредната недела ќе пристигнат уште 3 нови автобуси, два зглобни и еден единечен. Единечните автобуси се со капацитет за 81 патник, а зглобните за 149 патници.

Набавката на новите еко автобуси чини 10 милиони евра, а парите се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
