СО ОДЛУКА НА СОВЕТОТ БАРОКНАТА ГРАДСКА КУЌА ОДИ НА ПРОДАЖБА

26.09.2019 На денешната 41 седница на Советот на Град Скопје, по предлог на градоначалникот Петре Шилегов се стави на гласање и се изгласа одлуката за продажба на барокната Градска куќа на кејот на реката Вардар.

Повеќе

ОСЛОБОДЕНИТЕ ПЕШАЧКИ ПОВРШИНИ ВО СКОПЈЕ

24.09.2019 Изминативе две години во Скопје се посветува големо внимание на местото на пешаците во јавниот простор. Се создаваат простори што се безбедни, корисни и проточни. Се поставуваат дрвореди, зеленило и урбана опрема на местата каде што некогаш паркираа возачите.

Повеќе

ШИЛЕГОВ: ГАСОВОДНИОТ ПРСТЕН ОКОЛУ СКОПЈЕ Е ЗАВРШЕН, СЕГА Е ВАЖНО ГАСОТ ДА ГО ДОНЕСЕМЕ ДО ГРАЃАНИТЕ

24.09.2019 Градоначалникот Шилегов денеска учествуваше на панел дискусијата „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина“ што се одржуваше во хотелот „Холидеј ин“

Повеќе

ТАЈНИТЕ КУПУВАЧИ ВО ПОТРАГА ПО НАЈДОБРИОТ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО СКОПЈЕ

24.09.2019 Ве известуваме дека Град Скопје по дванаесетти пат го поддржува проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“. Проектот опфаќа таинствено користење на услугите (mystery shopping) во угостителските објекти на подрачјето на градот Скопје.

Повеќе

ПОКАНА ЗА 41-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

23.09.2019 Советот на Град Скопје на ден 26.09.2019 година (четврток), после завршувањето на седницата на Собранието на Акционерското друштво за енергетски дејности Градски енергетски системи – Скопје, ќе ја одржи четриесет и првата седница.

Повеќе

ОТСТРАНЕТИ 357 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

23.09.2019 Во текот на изминатата недела (16.09 - 22.09.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 357 возила од јавните површини.

Повеќе

 ОД ДЕНЕСКА СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА БИХАЌКА

23.09.2019 Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа реконструкцијата на коловозот и на дел од тротоарите на улицата Бихаќка и на улицата Црниче, меѓу општините Центар и Кисела Вода. Овој коловоз ќе се обнови на должина од 810 метри, на потегот од раскрсницата кај подвозникот, па се до улицата Востаничка.

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ЗАПОЧНЕ ПОСТАПКА ЗА ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА ДАНОК НА ИМОТ И ФИРМАРИНА ЗА 2018

23.09.2019 Град Скопје ги известува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, започнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 година.

Повеќе

ПОЧНА ЕСЕНСКАТА АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ

21.09.2019 По повод Светскиот ден на чистењето – 21 септември, Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ денеска почнаа масовна акција за генерално чистење на сите скопски општини.

Повеќе

ВЕЛОСИПЕДСКО ДЕФИЛЕ НИЗ УЛИЦИТЕ НА СКОПЈЕ, ШИЛЕГОВ МЕЃУ УЧЕСНИЦИТЕ

20.09.2019 Стотици граѓани со своите велосипеди и електрични тротинети денеска учествуваа во познатото велосипедско – пешачко дефиле по улиците на Скопје што традиционално се организира како дел од Европската недела на мобилност 2019.

Повеќе

СЕ ОДРЖУВА 40-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

19.09.2019 Советот на Град Скопје на денешната седница ќе разгледува и ќе расправа за поголем број предлог-одлуки и програми за работата на Градот Скопје.

Повеќе

ШИЛЕГОВ: ПОПЛАДНЕ ДОЈДЕТЕ НА „РЕКОРД“, УЛИЦАТА ЌЕ БИДЕ ПЕШАЧКА ЗОНА

19.09.2019 Градоначалникот Шилегов ги поканува граѓаните на големата Велофиеста што ќе се одржи попладнево на улицата Димитрија Чуповски, кај „Рекорд“, како дел од одбележувањето на Европската недела на мобилност 2019.

Повеќе

ОБЈАВЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА ВО ГРАД СКОПЈЕ

18.09.2019 Град Скопје, денеска (18 септември 2019 година) го објави Јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градoт за 2019 година, на кој може да се поднесат предлог-проекти за следните области:

Повеќе

УТРЕ ПОПЛАДНЕ ВЕ ОЧЕКУВАМЕ НА ГОЛЕМА ВЕЛОФИЕСТА НА РЕКОРД

18.09.2019 Градот Скопје утре (19.09.2019 година) од 18 часот ќе ја затвори за сообраќај улицата Димитрија Чуповски на „Рекорд“, а од 19 часот на нејзиниот коловоз ќе организира Велофиеста – дружење и забава на отворено, со освежување и содржини за деца.

Повеќе

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ ПЛАН ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДСКИОТ СООБРАЌАЈ ВО СКОПЈЕ 2019-2021

17.09.2019 На денешната отворена трибина на тема „Градот Скопје за подобра мобилност“ беше претставен новиот План за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019-2021 кој треба да биде усвоен за два дена, на претстојната седница на Советот на Град Скопје.

Повеќе

ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТА ВО СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ВО ФОКУСОТ НА ТРЕТИОТ ДЕН ОД ЕНМ 2019

17.09.2019 Можноста за комбиниран превоз до рекреативните центри во градот и електромобилноста ќе бидат главна тема на активностите предвидени за утре (18.09.2019 година), на третиот ден од Европската недела на мобилност 2019, неделата посветена на алтернативното движење.

Повеќе

ПОКАНА ЗА 40-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

16.09.2019 Советот на Град Скопје на ден 19.09.2019 година (четврток) во 11 часот ќе ја одржи 40 - та седница.

Повеќе

ОТСТРАНЕТИ 264 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

16.09.2019 Во текот на изминатата недела (10.09 - 15.09.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 264 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 49 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 215 возила по налог на сообраќајната полиција

Повеќе

С О О П Ш Т Е Н И Е

16.09.2019 За сите уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Северна Македонија.

Повеќе

ОТВОРЕН ДЕН ВО СКОПСКАТА ЖИВА ГРАДСКА ЛАБОРАТОРИЈА (SKULL)

16.09.2019 Во Скопската жива градска лабораторија (Skopje Urban Living Lab - SkULL) во Старата скопска чаршија (улица Европска број 11) утре (17.06.2019, вторник) со почеток во 11 часот ќе се одржи отворен ден.

Повеќе