ЉУБИЦА ЈАНЧЕВА ЈА ПОТПИША ПРИСТАПНИЦАТА КОН ЕНМ 2019

16.09.2019 Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, ја потпиша пристапницата кон Европската недела на мобилност 2019, со што и официјално започна ЕНМ 2019, која ќе трае 7 дена, од 16 до 22 септември, под мотото „Пешачи со нас“.

Повеќе

УТРЕ Е ВТОР ДЕН ОД ЕНМ 2019 - ГРАД СКОПЈЕ НАЈАВУВА ИНТЕРЕСНИ АКТИВНОСТИ

16.09.2019 Пешачката тура низ Скопската зоолошка градина за основците, забавно-рекреативната манифестација „Движи се за здравје“ и трибината за чекорите што ги презема Град Скопје, а кои придонесуваат за подобра мобилност, се само дел од активностите што се закажани за утре (17.09.2019 година)..

Повеќе

ОД УТРЕ ПОЧНУВА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2019 ВО СКОПЈЕ

15.09.2019 Градот Скопје и годинава ќе ја одбележи Европската недела на мобилност 2019 и за граѓаните ќе понуди низа активности посветени на алтернативното и одржливо движење. Во деновите од 16 до 22 септември Градот Скопје ќе организира разновидна програма која ќе биде интересна за сите граѓани

Повеќе

ГРАД СКОПЈЕ СО СТИПЕНДИИ И ЗА СРЕДНОШКОЛИЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

14.09.2019 25 ученици со попреченост од средните училишта на Град Скопје ќе добиваат стипендии во текот на 9 месеци, а висината на стипендијата е 3.000 денари нето износ. Градот Скопје за да го подигне квалитетот на образованието на учениците со попреченост, за прв пат оваа година ќе додели стипендии

Повеќе

ЗАТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ КРАК НА УЛИЦА ХРИСТО ТАТАРЧЕВ

12.09.2019 Град Скопје ги информира граѓаните дека поради градежни активности за поставување попречна решетка за прифаќање атмосферски води, од денеска (12.09.2019 година, четврток), па во наредните 10 дена комплетно ќе биде затворен за сообраќај кракот на улица Христо Татарчев

Повеќе

38 ЗЕМЈОДЕЛЦИ СЕ ПРИЈАВИЈА ВО ГРАД СКОПЈЕ ЗА БЕСПЛАТНО ЧИСТЕЊЕ НА СТРНИШТАТА

12.09.2019 Во акцијата на Градот Скопје за бесплатно собирање на растителниот отпад од нивите и стрништата за да се спречи нивното палење досега се пријавиле 38 лица. Во согласност со динамиката и планот на работа изминативе денови се расчистени 25 стрништа.

Повеќе

 НА 13 СЕПТЕМВРИ ПОЧНУВА 44-ТО ИЗДАНИЕ НА МОТ

11.09.2019 Mеѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ), годинава ќе биде домаќин на повеќе интересни театарски претстави од 8 држави кои во периодот од 13. до 21. септември на различни сцени ќе се претстават пред скопската публика.

Повеќе

ОТСТРАНЕТИ 221 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНО ВОЗИЛО ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

10.09.2019 Во текот на изминатата недела (02.09 - 08.09.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 221 возило од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 45 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 176 возила се по налог на сообраќајната полиција

Повеќе

 ОКОЛУ 1. 600 ДОМАЌИНСТВА АПЛИЦИРАЛЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕРИ

10.09.2019 Град Скопје ги информира граѓаните дека се исцрпени средствата предвидени за субвенции за набавка на инвертери за 2019 година, односно до денеска до 15 часот се пристигнати околу 1. 600 барања.

Повеќе

ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ДЕЦЕНИИ, СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА БЛАГОЈА СТЕФКОВСКИ

07.09.2019 Екипите на Град Скопје вчеравечер ја почнаа првата фаза од реконструкцијата на улицата Благоја Стефковски, во општината Гази Баба, на потегот од крстосницата кај улиците 15.Корпус и Методија Андонов - Ченто до крстосницата со улицата Петре Филиповски – Гарката и свртувањето кон улицата Перо Наков

Повеќе

„ЦВЕТАН ДИМОВ“ ДОБИ НОВА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ФАСАДА

06.09.2019 Средното училиште на Град Скопје „Цветан Димов“ од денеска има нова, енергетски ефикасна фасада со променет, модерен изглед во специфичен визуелен и естетски стил. Фасадата е изработена од алуминиумски композитни панели во боја и соодветна подлога во согласност со најсовремените светски стандарди

Повеќе

ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БУЛЕВАРОТ КОЧО РАЦИН

05.09.2019 Со ноќно бележење на сообраќајна сигнализација целосно заврши реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин во општина Центар, еден од најфреквентните булевари во централното градско подрачје.

Повеќе

ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ДЕЦЕНИИ, РЕКОНСТРУИРАНА УЛИЦАТА ИНДИРА ГАНДИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ

05.09.2019 Екипите на Град Скопје ја завршија првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата Индира Ганди, во општината Шуто Оризари. По вчерашното 24-часовно целосно затворање, улицата од денеска е проодна за сообраќај, со нов асфалт и обележана хоризонтална сигнализација.

Повеќе

550 ДОМАЌИНСТВА АПЛИЦИРАЛЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ

05.09.2019 Град Скопје ги информира граѓаните дека се исцрпени средствата предвидени за субвенции за набавка на печки на пелети за 2019 година, односно до денеска до 15 часот се пристигнати околу 550 барања.

Повеќе

МКЦ ВОВЕДЕ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ПРИПЕЈД КАРТИЧКА

04.09.2019 За прв пат на домашните фестивали и културни настани, а по примерот на меѓународно реномираните фестивали, Младински Културен Центар (МКЦ) – воведе безготовински, припејд систем на продажба, што ја прави и прва културна институција во земјава што воведува припејд картичка.

Повеќе

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ НА РОДЕНДЕНСКАТА ЗАБАВА НА СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА

31.08.2019 Забава со детски песни, театарска претстава, Дизни маскоти и многу други изненадувања ги очекуваат посетителите на Зоолошката градина на 1 септември (недела), на одбележувањето на нејзиниот 93-ти роденден.

Повеќе

ОД УТРЕ ЦЕЛОСНО ЗАТВОРЕНИ ЗА СООБРАЌАЈ БУЛЕВАРИТЕ КРСТЕ МИСИРКОВ И КОЧО РАЦИН

30.08.2019 Градот Скопје информира дека од утре (31.08.2019 година, сабота) со почеток од 8 часот, па се до недела (01.09.2019 година) до 8 часот, за сообраќај комплетно ќе биде затворен булеварот Крсте Мисирков, на потегот од клучката Бит-пазар до крстосницата со булеварот Гоце Делчев

Повеќе

ДЕНЕСКА ВО 18 ЧАСОТ ВЕ ОЧЕКУВАМЕ НА ОТВОРАЊЕТО НА ПРВИОТ PUMPTRACK ВО СКОПЈЕ

29.08.2019 Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите од вечер ќе можат да ги покажат своите вештини на новата адреналинска патека во центарот на Скопје, пред Олимпискиот базен.

Повеќе

ВО ЧЕТВРТОК ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ

26.08.2019 Градот Скопје информира дека на 29.08.2019 година (четврток) во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје. На истиот датум, во текот на денот, ќе се изврши и терестрична дезинсекција против ларви од комарци.

Повеќе

 РЕКОНСТРУИРАН ДЕЛ ОД УЛИЦАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ПРОДОЛЖУВААТ СО ЗАСИЛЕНО ТЕМПО

22.08.2019 Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на дел од улицата Ѓорче Петров, на потегот од општинската зграда до објектот на „Баумаркет“, а градежните работи за обнова на оваа фреквентна сообраќајница продолжуваат со засилено темпо, се до бензинската пумпа на Макпетрол.

Повеќе