ВИКЕНДОВ ПРИВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ 04.10.2019

Градот Скопје известува дека утре (05.10.2019 година, сабота) во периодот од 19 до 24 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот Партизански одреди, на потегот од вкрстувањето со улицата Франклин Рузвелт до вкрстувањето со улицата Костурски херои, и тоа само во насока од Ѓорче Петров кон центарот, поради одржувањето на манифестацијата „Бела ноќ“.

Во недела (06.10.2019 година), пак, во периодот од 7:30 до 11:30 часот за сообраќај ќе бидат затворени повеќе сообраќајници во градот, поради одржувањето на трката „Скопје трча 10 км“. Во наведениот термин за сообраќај целосно ќе бидат затворени делниците:

- булевар Илинден во двете насоки, од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до улицата Никола Парапунов;

-  улица Никола Парапунов – од булеварот Илинден до булеварот Партизански одреди;

- булевар Партизански одреди во правец спрема Ѓорче Петров, од крстосницата со улицата Љубљанска до улицата Ангел Динев - мост „Влајко“.

 

Во истиот период привремено ќе бидат затворени:

 -  булеварот 8.Септември, од крстосницата со булеварот Партизански одреди до улицата Скупи ( кај Хубо маркет).

-  улицата Бледски договор.

Се молат граѓаните да се придржуваат на привремено воведениот режим на сообраќај, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.