ПОКАНА ЗА 41-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 23.9.2019
Советот на Град Скопје на ден 26.09.2019 година (четврток), после завршувањето на седницата на Собранието на Акционерското друштво за енергетски дејности Градски енергетски системи – Скопје, ќе ја одржи четриесет и првата седница.
На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:
Д н е в е н р е д
1. Предлог-Одлука за дополнување на Одлуката за субвенционирање на ЈП Улици и патишта-Скопје, за 2019 година
2. Предлог-Одлука за давање согласност на Планот за изменување и дополнување на Годишен план за вработување во Град Скопје за 2019 година;
3. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за вработување на определено време за 2019 година;
4. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈУ Зоолошка градина на Град Скопје, за 2020 година;
5. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈУ Библиотека Браќа Миладиновци, Скопје, за 2020 година;
6. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈУ Детски културен центар Карпош, Скопје, за 2020 година;
7. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за
уредување на градежно земјиште и
8. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови.
Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул. Илинден бр. 82.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
