ГРАД СКОПЈЕ ПОСТАВИ НОВО ДЕТСКО КАТЧЕ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 07.10.2019

 

 

Град Скопје во текот на изминатите години континуирано, на повеќе локации во градските општини,  како што се Карпош, Центар и Чаир,  постави неколку детски едукативни просторни инсталации на тема „Во имагинарниот свет на децата“.

 

 

 

- Денеска во општина Ѓорче Петров отвораме едно мало ново катче за нашите најмили и најмлади. Идејата е  освен да создадеме место каде што децата  ќе поминуваат дел од своето слободно време, кај нив од мали нозе почнеме да креираме свест и совест за тоа како треба да изгледа една јавна површина, да се грижат самите за неа и да ги чуваат јавните простори во кои инвестираме и како Град и како општина од една страна. Меѓутоа, и одржувајќи го ова чисто да го креваме нивото и на еколошката свест кај сите – порача Шилегов.

Тој додаде дека се надева дека ваквите инсталации коишто ги поставува Градот на различни места низ градот, како и на Водно, ќе им овозможат на дечињата да поминуваат убави денови на отворено.

 

 

 

 

- Измината година на овој простор зазеленувавме, засадивме дрвја коишто гледам дека одлично напредуваат. Овој дел на општина Ѓорче Петров којшто беше запуштен сега полека, полека, го облагородуваме со цел да им овозможиме на граѓаните на општината и најмладите во општината да имаат место каде што ќе поминуваат пријатни моменти  – изјави Шилегов.

За реализација на оваа просторната едукативната инсталација од Буџетот на Град Скопје потрошени се вкупно 1,8 милиони денари со пресметан ДДВ.