ГРАД СКОПЈЕ И АМСМ ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ 28.10.2019
Безбедноста на сите учесници во сообраќајот е во редот на врвните приоритети на Градот Скопје, а донација од АМСМ за обележување на „Зона 30“ со поставување сообраќајни знаци, катадиоптери и сл., пред средното училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“ ќе влијае за побезбедно одвивање на сообраќајот на булеварот Трета македонска бригада.

Обележувањето на „Зона 30“ пред СУГС „Димитар Влахов“ е донација што се реализира во рамките на кампањата #SpeakUp (#КревамГлас), која имаше цел идентификување на сообраќајните проблеми со кои се соочуваат сите граѓани коишто се учесници во сообраќајот.

Донацијата е обезбедена преку ФИА грант програмата за зголемување на безбедноста во собраќајот и е реализирана во соработка со ФИА Фондација.

- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
