18.10.2016 15.9.2016

Град Скопје, денеска/14.09.2016 година/ во дневните весници Коха, Дневник и Вечер, како и на веб страницата на Градот, го објавуви, Конкурсот за финансирање на проекти и актовности од областа на културата од интерес на Град  Скопје за  2017 година.  

Како и предходните години, и оваа година, со цел добивање на  поквалитетни програми  во 2017 година  се објавуваат  два посебни Конкурса и тоа:

- „Конкурс  за финансирање и поддршка  на  програмите и дејноста на јавните установи од областа на културата основани од Градот Скопје за 2017 година“,

- Конкурс  за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2017 година“ со  „Општи и посебни цели и критериуми за  оценување на доставените проектни апликации на Конкусот за финасирање на програми и проекти од областа на културата  од интерес на Град Скопје за 2017 година“.

Во рамките на конкурсот се назначени шест (6) стручни комисии за професионално, аматерско  младинско делување во следните области: визуелни уметности и уметноста на новите медиуми,  изведбени уметности, музички уметности, издавачка дејност и библиотекарство, меѓународна соработка, како и музејска дејност, промоција на културно наследство и културен туризам.

Конкурсот се објавува на 14 септември 2016 година, a пријавите ќе може да се поднесуваат до 18  октомври 2016 година.

Резултатите од Конкурсот, ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот  веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, со објавување на Програмата за финасирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на градот Скопје за 2017 година.

Конкурсот заедно со пријавата можете да го подигнете на следните линкови:

http://skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=653