
ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА 11.12.2017
Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек Јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градoт за 2018 година, а кој ќе трае до 18.12.2017 година. На овој јавен повик може да се поднесат предлог-проекти за следните области:
1. Поддршка на проекти, манифестации и активности во доменот на професионалното, аматерското и младинското делување во следните области:
1.1 Изведбени уметности
1.2 Музички уметности
1.3 Визуелни уметности и уметност на новите медиуми
1.4 Издавачка и библиотечна дејност
1.5 Музејска дејност и промоција на културното наследство
2. Меѓународна соработка
3. Професионална, аматерска и младинска како поткатегории за секоја област.
На Јавниот повик имаат право да учествуваат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за култура и други позитивни законски прописи во Република Македонија.
Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, со објавување на Програмата за финасирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Градот Скопје за 2018 година.
И оваа година, со цел добивање поквалитетни програми од јавните установи од областа на културата на Град Скопје, на официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, е објавен и Јавен повик за доделување средства за финансирање и поддршка на програмите на јавните установи од областа на културата основани од Градот Скопје, на кој 8-те установи од областа на културата ќе можат да поднесат апликации за предлог проекти. Повикот ќе трае до 18.12.2017 година.
Пријавата за конкурсот е достапна на следната интернет врска
Општи и посебни цели и критериуми за бодување се достапни за следната интернет врска
Дополнителни информации може да се добијат на следните телефонски броеви: 02/ 3297-323, 02/ 3297-324, 02/ 3297-289 и на мејл адресата kultura@skopje.gov.mk.
- ВЕСТИ
- 27.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 13.06.2025 - Соопштение за јавност
- 04.06.2025 - Соопштение за јавност
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност