18.12.2017 19.12.2017
Град Скопје, денеска (24 ноември 2017 година) го објави Јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градoт за 2018 година, на кој може да се поднесат предлог-проекти за следните области:
1. Поддршка на проекти, манифестации и активности во доменот на професионалното, аматерското и младинското делување во следните области:
1.1 Изведбени уметности
1.2 Музички уметности
1.3 Визуелни уметности и уметност на новите медиуми
1.4 Издавачка и библиотечна дејност
1.5 Музејска дејност и промоција на културното наследство
2. Меѓународна соработка
3. Професионална, аматерска и младинска како поткатегории за секоја област.
На Јавниот повик имаат право да учествуваат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Македонија.
Јавниот повик е објавен во дневните пишани медиуми „Слободен печат“ и „Коха“ и ќе трае до 18.12.2017 година. Резултатите од Конкурсот, ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, со објавување на Програмата за финасирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Градот Скопје за 2018 година.
И оваа година, со цел добивање поквалитетни програми од јавните установи од областа на културата на Град Скопје, на официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, е објавен и Јавен повик за доделување средства за финансирање и поддршка на програмите на јавните установи од областа на културата основани од Градот Скопје, на кој 8-те установи од областа на културата ќе можат да поднесат апликации за предлог проекти.Повикот ќе трае до 18.12.2017 година.
Пријавата за конкурсот е достапна на следната интернет врска
Општи и посебни цели и критериуми за бодување се достапни за следната интернет врска
Дополнителни информации може да се добијат на следните телефони: 02/ 3297-323, 02/ 3297-324, 02/ 3297-289 и на следната мејл адреса kultura@skopje.gov.mk.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
